Да му помогнеме на семејството Доневи од Дражево

Сабота, 20 Јануари 2018

Здружението „Љубезност“ упатува апел до граѓаните за помош на семејството Доневи од селото Дражево, општина Ново Село.

Стоил Донев од струмичкото село Дражево живее со сопругата Нетка и двете ќерки Марина и Душка во исклучително тешки услови за живот. Заборавени и оставени на милост и немилост, едвај успеваат да го преживеат секој нов ден.

Куќата во која живеат буквално се распаѓа и прашање на време е кога ќе се срушат некои од ѕидовите. Добиваат 2.000 денари социјална помош, која не е доволна за храна и сметки.

Стоил со ќерките секојдневно патуваат во Струмица каде собираат пластика од контејнерите и едвај дневно заработуваат по 100 денари.

Имаат неплатени сметки за електрична енергија, неплатен долг за здравствено осигурување, поради кој се дадени кај извршител.

Семејството има потреба од помош во храна, облека и обувки, средства за лична хигиена, материјали за реновирање на куќата во распаѓање, разни производи за домаќинство, бела техника и слично...

Доколку имате можност да му помогнете на ова семејство, контактирајте го Здружението „Љубезност“ во порака, а тие ќе ве насочат како и каде да ја доставите донацијата.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Бројката на новозаразени со ковид-19 во Струмица повторно почна да расте, денеска 16 нови случаи, еден починат и три оздравени пациенти

Бројката на новозаразени со ковид-19 во Струмица повторно по…

Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои 16 во Струмица. Починале 7 лица, еден и во Стр...

СДСМ го заврши процесот на реевиденција: Над 80.000 граѓани го ажурирале своето членство

СДСМ го заврши процесот на реевиденција: Над 80.000 граѓани …

Фев 27, 2021 Вести

„СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси. Над 80.000 членови се ажурир...

Извршена контрола во угостителски објект во Струмица кој работел по дозволеното време, се точел и алкохол на малолетници

Извршена контрола во угостителски објект во Струмица кој раб…

Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа околу полноќ, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Млади...

Претрес во Струмица поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19

Претрес во Струмица поради непочитување на мерките за заштит…

Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 01:00 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на ...

Бутик „ИМИЏ-М“ отвора три работни места на различни позиции

Бутик „ИМИЏ-М“ отвора три работни места на различни позиции

Фев 27, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од продавачка, девојка за примање на „онлајн“ нарачки и момче фотомодел за промоција на машка облека. Пријавува...

Струмица ја чествуваше 17-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски

Струмица ја чествуваше 17-годишнината од трагичната смрт на …

Фев 26, 2021 Вести

Пред споменикот „Македонија“, родната Струмица на претседателот Борис Трајковски ја одбележа 17-годишнината од загинувањето во трагичната авионска нес...

Жителите на Старо Коњарево повторно го спречија „шумското стопанство“ да пробива пат за сеча и транспорт на дрва над селото

Жителите на Старо Коњарево повторно го спречија „шумското ст…

Фев 25, 2021 Вести

Вчера жители на селото Старо Коњарево, општина Ново Село, на падините на Беласица кај месноста „Дебел бук“, ги спречија работниците на ЈП „Национални ...

При крај е изградбата на мостот на реката Турија помеѓу селата Просениково и Сарај

При крај е изградбата на мостот на реката Турија помеѓу села…

Фев 25, 2021 Вести

Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...