Денеска во употреба е пуштена Пречистителна станица во село Ново Коњарево, општина Ново Село. Изградбата на Пречистителната станица е дел од Проектот за управување со сливот на река Струмица, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Оваа пречистителна станица значи живот и еколошки чиста средина за сите граѓани од општина Ново Село”, изјави градоначалникот Боро Стојчев.
Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, рече дека освен што оваа Пречиститечна станица ќе помогне да се задржи чистата животна средина во овој регион, исто така ќе им помогне на локалните земјоделци преку наводнување со чиста вода да произведуваат здрави и квалитетни производи.
„Оваа инвестиција ќе послужи како пример за други мали места во земјата. Ние ќе градиме уште една во општина Василево, како дел од големиот Проект за управување со сливот на река Струмица, вреден три милиони евра, чија главна цел е да го подобри управувањето со водите во регионот“ - изјави Луиза Винтон, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули вели дека овој проект е важен затоа што е целосно во согласност со директивата на Европската Унија за управување со водите и затоа што покажува дека заштитата на животната средина не е изолиран процес, туку бара интегрален пристап и вклучување на сите засегнати страни.
.
.
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Во последните 24 часа од направените 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои 16 во Струмица. Починале 7 лица, еден и во Стр...
Фев 27, 2021 Вести
„СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси. Над 80.000 членови се ажурир...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека синоќа околу полноќ, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Млади...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на ...
Фев 27, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од продавачка, девојка за примање на „онлајн“ нарачки и момче фотомодел за промоција на машка облека. Пријавува...
Фев 26, 2021 Вести
Пред споменикот „Македонија“, родната Струмица на претседателот Борис Трајковски ја одбележа 17-годишнината од загинувањето во трагичната авионска нес...
Фев 25, 2021 Вести
Вчера жители на селото Старо Коњарево, општина Ново Село, на падините на Беласица кај месноста „Дебел бук“, ги спречија работниците на ЈП „Национални ...
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...