15 наставници од Бугарија и 15 наставници од Македонија заеднички се обучија во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки“.
Општина Сандански организираше обука за наставници од Бугарија и Македонија на тема „Биди ефективен“.
15 наставници од општина Сандански, Република Бугарија и 15 настаници од општина Ново Село, Република Македонија, од 12 детски градинки и училишта се обучуваа во областа на енергетската ефикасност и како тие тоа да го пренесат на децата на поинтересен и позабавен начин, со цел и тие да ја разберат суштината на енергетската ефикасност и како тие да се научат да бидат ефективни.
Обуката се одржа на 6 и 7 јуни, 2018 година во конференциската сала на Хотел „Медите“ с. Поленица, општина Сандански. Обуката вклучуваше неколку презентации и интерактивни активности за наставниците. Првиот ден настаниците се претворија во таканаречени „енергетски детективи“ и имаа за задача да го согледат еколошкиот отпечаток за нивниот колега. Во текот на вториот ден се развија доста дебати на тема „Климатски промени: Еден степен (целзиус) е многу“.
И двата дена од обуката помина со доста забавни игри и демонстрации, а на крајот сите наставници го поминаа испитот и секој од нив извлече поука која треба да им биде пренесена и да им служи на децата. Производ од оваа обука се Упатството и Боенката на тема енергетска ефикасност кои ќе бидат доделени на децата во детските градинки. Упатството се состои од забавни и образовни игри за обука на децата на тема енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Исто така од оваа обука произлегува и наредната активност во рамките на проектот, а тоа е организирање на изложба на тема „Енергетска ефикасност“ на која ќе бидат изложени цртежи од страна на децата во детските градинки.
Оваа обука се организираше како дел од активностите по проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во рамките на детските градинки“ по Програмата Интеррег- ИПА за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.
.
.
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Во последните 24 часа од направените 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои 16 во Струмица. Починале 7 лица, еден и во Стр...
Фев 27, 2021 Вести
„СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси. Над 80.000 членови се ажурир...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека синоќа околу полноќ, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Млади...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на ...
Фев 27, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од продавачка, девојка за примање на „онлајн“ нарачки и момче фотомодел за промоција на машка облека. Пријавува...
Фев 26, 2021 Вести
Пред споменикот „Македонија“, родната Струмица на претседателот Борис Трајковски ја одбележа 17-годишнината од загинувањето во трагичната авионска нес...
Фев 25, 2021 Вести
Вчера жители на селото Старо Коњарево, општина Ново Село, на падините на Беласица кај месноста „Дебел бук“, ги спречија работниците на ЈП „Национални ...
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...