ФОТО: Во Мокриево се одржаа традиционалните „Странчинарски игри“

Среда, 14 Јануари 2015

Странчинарските игри, според традицијата влечат корени уште од паганството, а во изменет облик се одржуваат до ден денешен

 

Силно заклопотија ѕвонците и клопотарците во Мокриево , а маскираните „странчинари“, на сред село во Подгоријата, го започнаа дефилето на традиционалните „Странчинарски игри“, кои секоја година со одржуваат на Василица или Сурва.


Странчинарските игри, според традицијата влечат корени уште од паганството, а во изменет облик се одржуваат до ден денешен.


„Годинава, воообичаено за сите присутни гости, подготвивме околу 300 килограми качамак со пченкарно брашно и околу 150 килограми колбаси, што е повеќе од лани. На крај од дефилето, сите на сред село, седнуваат на гозба, што е карактеристично за овој крај“ - рече Блажо Спасов, од Организациониот одбор на здржението „Странчинар“.


Според традицијата, страчинарите се подготвуваат уште од раните утрински часови, кога со борба со „калчки“, дрвени секири, кои се одлика за играорците познати под името „Русалии“, си ги поделуваат маалите во селото, така што победниците зимаат поголем дел од селските мали и одат од куќа на куќа, со цел да ги истерат лошите духови, болестите и зимата, а домаќините ги даруваат со жито, пченка, колбаси, колачи и пари. Собраните дарови, потоа ги делат на сите, а порано ги давале во црква, и им се делеле на сиромашните.


На „Странчинарските игри“, во дефилето под маски, имаше и гости од другите градови во државата, како што се: Прилеп, Берово и село Ратево, а и од странство, поточно од Бугарија, при што учествуваа две групи маскирани учесници.


Древен обичај е на Сурва, да се пие топлена ракија, а постои верување дека доколку мали дечиња што пелтечат, ако се напијат од ѕвонецот на најстариот странчинар, ракија, тогаш ќе престанат да пелтечат.


„Секоја година, настојувам за време на Странчинарските игри да бидам дома, иако веќе, повеќе години живеам и работам во Швајцарија. Јас сум бил мал страчинар и сум одел од куќа на куќа, па посебно е чувството кога сум тука“ - вели жител од Мокриево, кој повеќе години работи во Швајцарија.


Со „Странчинарските игри“, се настојува во денешно врем, да заживее оваа традиција, која оддамна била присутна во село Мокриево, посебно, затоа што неговите жители, во поново време, масовно се исселуваат во странство. Досега од 300 до 400 домаќинства, колку што имало селото, се иселиле 180 домаќинства, а и поединци. (С.Џ.)

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ во Струмица

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ в…

Окт 01, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради санирање на дефект прекинато е водоснабдувањето на улицата „Бетовенова“ во Струмица. Нормализирање на водо...

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравени пациенти

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравен…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1697 тестирања, регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19. Најмногу во Скопје 77 лица, а во Струмица 9 нови слу...

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито“ и „Балканска“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 1 октомври), од 08:00 до 09:30 часот ќе биде прекината електричната енергија на улиц...

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пеша…

Сеп 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва околу 20:40 часот на раскрсницата од булеварот „Ленинова“ со улицата „4-ти Јули“, кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак, жена...

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници кои се борат со пандемијата

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници ко…

Сеп 28, 2020 Вести

Лекарка како супер херој насликана на ѕид во дворот на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица од 16-годишната Јана Мицева, а обоено од средношколци ...