Да му помогнеме на младиот струмичанец Петар Попов, кој боледува од Неоплазма на бронхии со метастаза на мозок. Потребни се финансиски средства за лекување на Петар...

Сите граѓани и компании кои сакаат да ја покажат својата хуманост можат да донираат на следните сметки:

210-5016594468.52 НЛБ Банка

и девизна сметка за донирање од странство:

IBAN code МК07210501659446852

на име Добрица Попова.

online ДОНАЦИЈА на следниот линк >>>

Од синоќа во Струмица е отворен нов специјализиран ресторан за италијански специјалитети „Amano Pasta bar“, кој се наоѓа во близина на општинската зграда, спроти малиот Градски парк.

Мајстор-шефот на ресторанот, Благој Андонов, своето искуство од гастрономското студирање во Италија, од сега преку „Amano Pasta bar“, во Струмица ќе ја пренесе разновидната и неверојатно вкусна кујна од земјата, синоним за одлична и вкусна храна.

Туристичката понуда на општина Струмица е збогатена со уште еден природен бисер во подножјето на планината Беласица, а тоа е третиот водопад во атарот на населеното место Габрово.

Ова е проект со кој општина Струмица аплицираше во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за мерката 323 којашто опфаќа токму вакви проекти – градба или реконструкција на патеки до природни реткости и убавини во нашата околина.

Лекарка како супер херој насликана на ѕид во дворот на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица од 16-годишната Јана Мицева, а обоено од средношколци од ова училиште, од денеска го краси изгледот на училиштето и ќе ги потсетува младите на поголема превентива и заштита од ковид-19.

Овој проект го имплементира Центарот за истражување и анализа „НОВУС“ од Струмица со поддршка на Британската амбасада во Скопје, а со овој мурал сакат да се заблагодарат на здравствените работници во земјава кои се на првата линија за спасување на човечки животи од вирусот ковид-19.

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изградба на терен со вештачка трева во Струмица, во спортскиот комплекс кај некогашниот Градски базен, а е наменет за користење на ФК „Академија Пандев“. ФФМ претходно потпиша договор со Општина Струмица и клубот „Академија Пандев“ за целосна изградба на терен со вештачка трева, како дел од фудбалскиот комплекс во градот Струмица.

Страница 1 од 9