Наместо во споменици и жални врби инвестираме во инфраструктурата, вели Ани Касапова од струмичкото СДСМ

Недела, 04 Октомври 2020

„Централната и локалната власт предводени од СДСМ покажаа и докажаа дека кога се сака својата држава и својот народ, се инвестира во најнеопходните работи кои носат прогрес и подобар живот за сите. Наместо во споменици и жални врби, плански и домаќински се инвестира во урбаната и руралната инфраструктура. Таа е во приоритетите на оваа власт“- кажа на денешната прес конференција Ани Касапова од Општинската организација на СДСМ во Струмица, потенцирајќи дека се гради во цела држава, но и во Струмица.

Касапова вели дека и во овие вонредни околности поради пандемијата од Ковид-19, планираните проекти се реализираат според планираната динамика.

„Во полн ек е проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во должина од 7 километри. Се градат канализациони системи во населените места Вељуса и Банско, а овој проблем ќе се решава и во Градско Балдовци и Баница. Се подобрува инфраструктурата во близина на туристичките локалитети и културно – историските знаменитости – Водоча, Цареви кули, Габровски водопади.

Започна уредувањето на поројот „Крушевска Република“, се реконструираат отворените спортски игралишта, се гради нова спортска сала во основното училиште „Никола Вапцаров“, а со донесувањето на Деталниот урбанистички план ќе се гради целокупната инфраструктура во населбата Софилар.

Се асфалтираа и реконструираа улици во градот и во скоро сите населени места.

Јавното претпријатие за државни патишта значително ја подобри регионалната патна инфраструктура.

Се рехабилитираше клучката кај Куклиш, патот Куклиш Свидовица, Дабиле – граничен премин Ново Село на македонско – бугарската граница, се реконструира делница од патот Струмица – Берово, а ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово во должина од 25 километри.

Почитувани граѓани,

Власта предводена од СДСМ ќе продолжи да работи уште повеќе и уште подобро, обезбедувајќи подобар живот за сите граѓани“ – кажа Касапова.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за неповторлива цена

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за не…

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во петок и сабота (26 и 27 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 4...

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локал…

Ное 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година во 07:00 часот наут...

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во четврток, петок и сабота во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, кој се наоѓа кај Рекеџиски мост, ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секо...

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Ное 25, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување д...

Денеска се навршуваат три години од смртта на доајенот на македонскиот театар, струмичанецот Мите Грозданов

Денеска се навршуваат три години од смртта на доајенот на ма…

Ное 25, 2021 Вести

Денеска се навршуваат три години од смртта на големиот македонски драмски, телевизиски и филмски актер, струмичаненецот Мите Грозданов, кој почина на ...

Утре 6 часа прекин на електричната енергија во Ангелци

Утре 6 часа прекин на електричната енергија во Ангелци

Ное 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 25 ноември) од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисн...