Општина Струмица ја заврши проценката, се чека обесштетувањето од Владата

Четврток, 09 Јули 2015

Општина Струмица во законскиот рок ја заврши проценката, се чека обесштетувањето од Владата

Претседателот на комисијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица, Ацо Ѓоргиев, денеска на прес конференција ја информираше јавноста за целокупната состојба со исплатата на обесштетувањето на граѓаните од поплавените населени места.


Поради големиот број на јавувања од граѓани од поплавените населени места во општина Струмица, сакаме да информираме дека Комисијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица, ја заврши својата работа согласно законските обврски и во законскиот рок и тоа работејќи според Законот за заштита и спасување и единствената методологија за процена на штети кои се законски основ за работа на Комисијата.Двата извештаи за процена на штети беа доставени до Републичката комисија за процена на штети од природни непогоди, од каде беше потврдено дека извештаите се комплетни и дека се навремено доставени. Во периодот кој следуваше не добивме никакви информации што се случува со целокупната состојба околу евентуалната исплата на обесштетувањето од поплавата, се до моментот кога случајно дознавме дека претставници од општински комисии за процена на штети биле повикани во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, заради дополнителни информации и консултации, без притоа да бидат повикани претставници од Комисијата за процена на штети од општина Струмица. По наше барање остварена е средба во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на која добивме насоки да се врши повторна обработка на поднесените барања за процена на штета и тоа според Законот за земјоделие и рурален развој, поред кој Закон општинската комисија нема надлежности. Но за да им излеземе во пресрет на граѓаните за да можат побрзо да бидат обесштетени, Општинската комисија започна со повторна обработка на барањата за процена на штети, според дадените насоки од Министерството за земјоделие.


Јавно прашуваме: Дали ќе бидат обесштетени сите подносители на барања за процена на штети, како за штетите настанати од поплавата на земјоделските површини така и штетите настанати во куќите и помошните простории? Дали обесштетувањето ќе се врши според пресметките направени од Општинската комисија за процена на штети или според процена направена од некоја друга институција? И најважното, Кога и на кој начин ќе биде исплатено обесштетувањето? - изјави Ѓоргиев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зелена нафта

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зе…

Јул 12, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера од Струмица најави дека од понеделник повторно ќе може да се точи Еуро...

Денеска е Петровден - за многу години!

Денеска е Петровден - за многу години!

Јул 12, 2020 Магазин

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот ...

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...