×

Забелешка

The was a problem converting the source image.

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: media/k2/galleries/1629

Една година од трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица

Петок, 10 Јули 2015

И по една година од трагичниот настан, сеуште нема информации за причините на падот на хеликоптерот

На денешен ден, ноќта околу 22 часот на периферијата од градот Струмица, се случи трагичната хеликоптерска несреќа, во која загинаа четворицата искусни пилоти на МВР, Драги Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.


Според тогашните информации од МВР, хеликоптерот бил произведен 2008 година и имал опрема за ноќно летање. Пилотите во текот на денот биле на ноќен лет на релација Скопје - Кавадарци - Валандово - Струмица - Берово - Делчево и обратно, а во текот на летот била користена ноќна визуелизација. Околу 22 часот хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки MAP 7712 удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија. Во текот на летот пилотите не пријавиле проблем.

 


Според очевидци, кои го виделе падот на хеликоптерот, четворицата пилоти ги жртвувале своите животи за да ја спасат Струмица од катастрофа, кога решиле да слетаат на ливадата на која единствено имале место да атерираат без да ги загрозат околните објекти.


Во близина на местото каде се сруши хеликоптерот има неколку фабрики, а на сто метри има и бензинска пумпа, па во експлозијата на керозинот можело да се запалат и овие објекти и да дојде до катастрофален пожар.


Противпожарната станица била известена за пожарот во 22:05 часот и само по 4 минути две возила тргнале кон местото. Пожарникарите реагираа со 12.000 литри вода и бидејќи станувало збор за високо запалливи материи од керозинот, се користело вода во комбинација со пена.


И по една година од трагичниот настан, сеуште нема официјални информации за причините на падот на хеликоптерот, иако Комисијата за истражување на воздухопловни несреќи го доставила извештајот до Основното  Јавно обвинителството во Струмица, кој го води случајот.

 


Инаку, Советот на општина Струмица донесе одлука за подигање Спомен-обележје на загинатите пилоти во хеликоптерската несреќа, кој требаше и официјално да биде откриен денеска, на првата годишнина од трагедијата. По објавувањето на идејното решение од изгледот на споменикот и негативните коментари низ социјалните мрежи, истото беше повлечено. Ќе се бара ново решение, а неговата локација ќе биде во реконструираниот дел од големиот парк, спроти Домот на АРМ во Струмица.

 

Галерија

{gallery}1629{/gallery}

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зелена нафта

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зе…

Јул 12, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера од Струмица најави дека од понеделник повторно ќе може да се точи Еуро...

Денеска е Петровден - за многу години!

Денеска е Петровден - за многу години!

Јул 12, 2020 Магазин

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот ...

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...