Стартува проектот „Преку разговор до толеранција и еднакви можности кај младите во средните училишта“

Понеделник, 24 Август 2015

Стартува проектот „Преку разговор до толеранција и еднакви можности кај младите во средните училишта“

Во рамките на проектот „Преку разговор до толеранција и еднакви можности кај младите во средните училишта“, имплементиран од Организација на жени од Струмица и финансиски поддржан од буџетот на општина Струмица, проектниот тим реализираше средби со раководството на трите средни општински училишта во Струмица.


Директорите на СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Влахов“, беа запознати со проектните активности кои од септември 2015 година треба да се спроведат во училиштата.


На средбите беше договорено во секое училиште да биде формиран тим од пет члена од воспитно-наставниот кадар (тројца професори и двајца претставници на стручната служба), како и тим од по 20 ученици. Училишните тимови ќе присуствуваат на едукативните предавања и креативните работилници, со цел нивно запознавање со поимот дискриминација, препознавање и механизми за заштита од истата, како и воведување на принципот на еднаквите можности (со посебен акцент на родовата еднаквост), во секојдневните училишни активности. Вкупно 60 ученици ќе бидат дел и од креативните работилници за мирно разрешување на родови конфликти во училиштата.


Проектниот тим во овој период подготви и 300 анкетни прашалници, заради проценка на ставовите на учениците во трите средни училишта во врска со еднаквоста и дискриминацијата. Анкетните прашалници ќе претставуваат мапирање на моменталните размислувања кај учениците во поглед на нивните предрасуди и стереотипи за принципот на еднаквите можности на девојчињата и момчињата и сфаќањето за нивната родова улога во заедницата.
Со директорите на средните училишта беше договорено оваа активност да се спроведе во втората половина на месец септември.


Целта на проектот е да придонесе кон намалување на дискриминацијата по основ на род и пол и подобрување на еднаквоста и толеранцијата меѓу учениците во средните училишта во општина Струмица и истиот е финански поддржан од буџетот на општината за 2015 година во износ од 245.400 денари, во рамките на Програмата V2 – Социјална заштита – трансфер до НВО.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...