Советници во посета на училиштата во Струмица

Вторник, 25 Август 2015

Кузмановска во изјава за медиумите го истакна проблемот со намалување на бројот на запишани ученици за оваа учебна година

Дел од членовите на Советот на општина Струмица од редовите на СДСМ, денеска беа во посета на основното училиште „Маршал Тито“ и средното училиште „Никола Карев“ во Струмица.


Како што рече Катерина Кузмановска, претседател на Комисијата за образование при Советот на општина Струмица, оваа посета е во пресрет на стартот на новата учебна година, за одблиско да се запознаат со активностите кои ги прават училиштата, нивното реновирање и адаптирање на просториите, бојадисување на училниците и ходниците, замена на дотраениот ентериер, со кои се создаваат подобри услови за стартот на учебната година.


Кузмановска во изјава за медиумите го истакна проблемот со намалување на бројот на запишани ученици за оваа учебна година, како и слабата финанскиска помош за капитални проекти во Струмичките училишта од страна на Министерството за образование и наука.


„Знаеме дека има потреба од една континуирана капитална обнова на училиштата, доградба, реконструкција. Оваа е во надлежност на Министерството за образование и наука. Училиштатa поднесуваат барања до Министерството и се надевам, во наредниот период ќе имаме поголем слух од оваа Министерство, бидејќи училиштата користат самофинансирачки и наменски средства за поголеми зафати, со финансиска поддршка од општина Струмица. Во однос на упис на учениците, постои проблем на намалување на упис на учениците од турската националност и затоа упатуваам апел тие да побрзат да се запишат. Според статистичките податоци, бројот на учениците кој треба да биде запишан во прво оделение, оваа година значително е намален што може да го поврзаме со фактот дека имаме одлив на млади родители надвор од земјата“ – изјави Кузмановска по разговорите со директорите на овие две училишта.


Инаку, во текот на летниот период во ООУ „Маршал Тито’’ извршено е бојадисување на просториите, како и во подрачните училишта во селата Рич и Попчево, извршено е фарбање на вратите, поставена е монтажна опрема за паркирање на велосипеди, а во тек е и набавка на ПВЦ врати во санитарните јазли, како и дезинфекција и дератизација на просториите.


Во СОУ „Никола Карев’’ извршено е бојадисување на 5000 метри квадратни простор, старите прозорци во ходниците се заменуваат со нови алуминиумски прозорци.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...