Утре третиот дуел на „Макс Струмица“ од регионалната СЕХА лига

Петок, 04 Септември 2015

Ракометарите на „Макс Струмица“ утре го играт третиот натпревар на домашен терен, во рамките на регионалната СЕХА лига

Ракометарите на „Макс Струмица“ утре го играт третиот натпревар на домашен терен, во рамките на регионалната СЕХА лига, овој пат против македонскиот шампион „Вардар“.


Во прес центарот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, пред утрешниот натпревар, кој ќе се игра од 20:15 часот, говореа тренерот на струмичките „рисови“, Марјан Андонов и ракометарот Јовица Младеновски.


За очекувањата, за атмосферата после нерешениот исход и поразот во тимот на „Макс Струмица“, за тоа дали комплетна ќе биде екипата, Андонов вели:


„Прво да кажам оти атмосферата е на високо ниво, за нас оваа лига е ново нешто и секој натпревар ние се надеваме оти ќе бидеме се подобри и подобри и оној мал хендикеп што екипата е нова, со 5 играчи заедно сме неполн месец и малку имаме проблем со тоа. За разлика од минатиот натпревар играчот Чентурија ќе настапи на утрешниот натпревар и ќе ни биде од голема помош. За натпреварот да кажеме оти „Вардар“ е апсолутен фаворит, но за нас ќе биде добро да направиме една убава игра, борбена игра, да покажеме кој што може“ - рече Андонов.


За атмосферата меѓу своите играчи, во пресрет на утрешниот дуел со „Вардар“, говореше Јовица Младеновски:


„Вардар е, како што кажа и Марјан, апсолутен фаворит, можеби не само за утрешниот натпревар туку и за усвојување на оваа СЕХА лига. Ние како играчи можеме само да ветиме, јас и во мое име и во име на играчите дека ќе дадеме се од себе, една борбена игра. Да се покажеме во што подобро светло, да дадеме отпор, па како ќе заврши ќе видиме на крајот“ - рече Младеновски.


Од Управата на „Макс Струмица“ покана до сите љубители на ракометот да бидат присутни утре (сабота) од 20:15 часот во спортската сала „Парк“ и да навиваат за „Макс Струмица“, да гледаат едно интересно македонско дерби од регионалната СЕХА лига.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат без електрична енергија

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат …

Окт 28, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 октомври), од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат населените ...

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури 55 новозаразени

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури…

Окт 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направени 2647 тестирања, регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. После Скопје, Струмица со најмногу новозаразени, дури ...

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците – ги прави корисни за општеството

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Стру…

Окт 28, 2020 Вести

Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за...

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2236 тестирања, регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19. Во Скопје најмногу 353, а во Струмица 20 новозаразен...

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт …

Окт 27, 2020 Вести

Согласно планираната динамика за оваа тековна година, а по извршените подготовки, Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел о...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Н…

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 28 октомври), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места...

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...