Концептуална изложба „Рудници на културата“ во Струмица

Петок, 04 Септември 2015

На изложбата, која беше поставена во изложбениот салон на Завод и Музеј во Струмица, беа претставени делата на шест автори

Мултимедијалниот проект „Рудници на културата“, кој има интернационален карактер и во себе опфаќа спој од повеќе дисциплини, ликовна, филмска, уметничка, синоќа беше на показ пред струмичката културна публика.


На изложбата, која беше поставена во изложбениот салон на Завод и Музеј во Струмица, беа претставени делата на шест автори од бившите Југословенски републики, видео проекции, дел од проектот „Аутопсија“ од Србија и друго.


„Целта на проектот е да се направи еден вид на платформа од повеќе организации кои работат во областа на културата и заштита на индустриското културно наследство во екс во Ју републиките, каде спаѓаше и Македонија. Веговме во овој проект со цел да ја развиеме свеста за заштита на индустриското културно наследство, а рудниците се дел од тоа индустриско наследство. Тој пристап веќе во Словенија и Хрватска е многу развиен кон бившите индустриски простории иделови од некоја индустрија, за подоцна да се адаптираат и да преминат во културни здруженија, градски библиотеки, односно во културен простор. Сакаме и овде да направиме ревитализација на индустриското културно наследство, со цел да добие друго значење, примена. Тоа е целта и затоа влеговме во овој партнерски однос со „Лабина артекспрес“ од Хрватска“ - рече Јасмина Мазгалиева, претседател на здружението за заштита на културата „Транзен“ од Струмица.


Струмичани имаа ретка можност, во рамките на овој патувачки проект, да ги погледнат: металната склуптура „Крал и Краљица“ на Владимир Кнежевиќ, од Босна и Херцеговина, видеото и цртежите „Старсити“ на Дарио Шолман, од Њу Јорк, инсталацијата на Ирена Лагатор Пејовиќ, доку видео перформанс „Коза ностра“ на Младен Миљановиќ, проекцијата „Метал гуру“ од Хрватска, железната книга на здружението „Аутопсија“ од Србија, а од македонска страна, делото „Закован прозорец“, масло на дрво, на ликовниот уметник Никола Пијанманов.


На отварањето на изложбата, беше пренесено искуството, како поранешниот рудник „Мајданпек“, кој бил напуштен, а претходно имал околу 10.000 рудари, неговите подземни ходници се искористени за да прераснат во подземен град, каде се практикува визуелна, музичка уметност, од страна на здружението „Лабина арт експрес“, со цел да се пренамени и заштити како споменик на индустриската култура. /С.Џ./

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат без електрична енергија

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат …

Окт 28, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 октомври), од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат населените ...

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури 55 новозаразени

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури…

Окт 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направени 2647 тестирања, регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. После Скопје, Струмица со најмногу новозаразени, дури ...

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците – ги прави корисни за општеството

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Стру…

Окт 28, 2020 Вести

Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за...

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2236 тестирања, регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19. Во Скопје најмногу 353, а во Струмица 20 новозаразен...

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт …

Окт 27, 2020 Вести

Согласно планираната динамика за оваа тековна година, а по извршените подготовки, Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел о...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Н…

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 28 октомври), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места...

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...