Реакција од Кабинетот на градоначалникот Зоран Заев

Сабота, 05 Септември 2015

Од Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, со писмена реакција на денешната прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Од Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, со писмена реакција на денешната прес конференција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица.


„Повеќе од јасна е намерата на ВМРО-ДПМНЕ, преку напади врз Зоран Заев да се обидува да го свртува вниманието на јавноста од доказите за криминалното владеење на својот лидер и неколку други луѓе од оваа партија. Целата струмичка јавност знае дека пазарот „Чешел“ е дело на Зоран Заев, Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, и дека истиот ги има сите неопходни услови за нормално функционирање. Овој пазар ја има потребната инфраструктура (водовод и канализација), тезги, соодветна цврста подлога на целата површина, а истиот е и соодветно ограден.


Се поставува прашањето дали господинот Зоран Пакетов е скаран со терминологијата кога зборува за некакви „субстандардни“ услови. Значи ли тоа дека скоро сите пазари во градовите во Македонија, раководени од кадри од партијата на Пакетов, работат во субстандардни услови, само затоа што не се покриени. Пакетов и ВМРО-ДПМНЕ многу добро знаат дека Струмица го има првиот покриен пазар во државата, а со „Чешел“ ќе го има и вториот, додека за другите градови тоа е само мисловна именка. Покривањето на пазарот „Чешел“ до сега не било приоритетно прашање и затоа ова ветување ќе биде реализирано до 2017 година.


И додека пазарите во Струмица непречено функционираат, ќе беше добро Зоран Пакетов и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на прашањето: „Каде е пазарот што Владата предводена од таа партија вети дека ќе биде изграден во Струмица“?


Струмичани се сеќаваат на ветувањата на Миле Јанакиевски и Зоран Ставревски за изградба на таков пазар, за што беше донесен и урбанистички план. Уште еднаш прашуваме: „Каде е пазарот господине Пакетов“ - стои во писмената реакција од Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат без електрична енергија

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат …

Окт 28, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 октомври), од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат населените ...

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури 55 новозаразени

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури…

Окт 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направени 2647 тестирања, регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. После Скопје, Струмица со најмногу новозаразени, дури ...

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците – ги прави корисни за општеството

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Стру…

Окт 28, 2020 Вести

Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за...

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2236 тестирања, регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19. Во Скопје најмногу 353, а во Струмица 20 новозаразен...

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт …

Окт 27, 2020 Вести

Согласно планираната динамика за оваа тековна година, а по извршените подготовки, Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел о...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Н…

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 28 октомври), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места...

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...