Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на тема пазар „Чешел“

Недела, 06 Септември 2015

Покривање на пазарот Чешел, Заев вети во 2011 година, дека ќе го направи во 2012 година и не го направи. Потоа го стави овој проект во буџетот за 2013

По вчерашната прес конференција на советниците во Советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и писмената реакција од Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица, за „покривање на пазарот Чешел“, советниците и денеска со конта-реакција.


Интегрален текст од прес конференцијата:


„Ветувањата на Зоран Заев за покривање на пазарот Чешел, се еден од мноштвото примери за тоа како Заев со години лаже за една иста работа. Со години лаже, и внесен во тој свет на лаги мисли дека некој во Струмица му верува на неговите лаги.


Покривање на пазарот Чешел, Заев вети во 2011 година, дека ќе го направи во 2012 година и не го направи. Потоа го стави овој проект во буџетот за 2013 и повторно не го направи, и не си го одржа ветениот збор, и уште еднаш ги излажа и пазарџиите и граѓаните на Струмица. И без ниту малку срам за овие негови лаги, вчера Зоран Заев, арогантно и потценувачки кон струмичани, преку писмо информираше дека условите на пазарот Чешел биле одлични и дека затоа не бил овој проект приоритет и затоа ќе го затворел пазарот, сега со најнов рок, до 2017 година.


Замислете од 2011 година ветува еден проект дека ќе го реализира, и по 4 години од тоа неисполнето ветување самиот кажува нов, најнов рок, за исполнување на ветувањето што требаше да биде исполнето пред повеќе години.


После ова едно е јасно. Од ден во ден Зоран Заев се повеќе и повеќе се замрсува во неговите лаги. Лаги кои траат со години. Од толку лаги веќе и самиот не се сеќава кога и кого излажал.


Доколку во Гинис имаше категорија градоначалник што најмногу излажал, сигурно Зоран Заев ќе беше запишан во Гинис. Зоран Заев, човек рекордер, во лаги и неисполнети ветувања.


Срамно, дрско и арогантно е ова што токму Зоран Заев го прави кон граѓаните на Струмица, прво, затоа што бессрамно лаже за неговите со години неисполнети ветувања и ги убедува граѓаните во нешто што сите знаат дека не е така, и второ затоа што како градоначалник на Струмица со граѓаните на Струмица, за проблемите во Струмица, комуницира со писма испратени од Скопје, местото каде што и самиот со гордост кажува дека спие со месеци.


Овие две причини, овој негов потценувачки однос кон граѓаните на Струмица и фактот што градоначалникот со месеци не се појавува на работното место за кое е избран од граѓаните, се повеќе од доволна причина, доколку има кај него останато барем трошка морал и одговорност, да излезе пред граѓаните на Струмица, да се извини за сите негови лаги и неисполнети ветувања и да си поднесе оставка од функцијата градоначалник. Да дозволи Струмица да добие градоначалник кој ќе биде во Струмица, кој секојдневно ќе работи на решавање на проблемите на Струмичани и кој нема да ги потценува граѓаните на Струмица“ - изјави Зоран Пакетов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на советничката група.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест нови случаи со ковид-19

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест н…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од 737 тестирање, 247 нови случаи на ковид-19 во Македонија, од кои 6 тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица. 16 пациенти од Струмица с...

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни набавки

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичанецот Борче Хаџиев, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фонд за осигурување на депозити, е разрешен од ова функција и е именуван з...

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие починале 22 пациенти од ковид-19

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие…

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1901 тестирања, регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19, од кои 32 и во Струмица. Најмногу во Скопје 271 лице...

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Пораз од 3:1 на струмичкиот прволигаш „Академија Пандев“ во првенствениот натпревар на гостински терен од екипата на „Македонија Ѓорче Петров“. Стреле...

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 л…

Окт 24, 2020 Вести

„Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород...

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден починат и 10 оздравени пациенти

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден …

Окт 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешното соопштение од Министерството за здравство, во последните 24 часа од направените 2367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ко...