Реакција од Општина Струмица на денешниот прес на советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Недела, 06 Септември 2015

Од Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица со реакција на денешната прес конференција на советниците во Советот на општина Струмица

Од Кабинетот на градоначалникот на општина Струмица со реакција на денешната прес конференција на советниците во Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.


„Повеќе од очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ во свој препознатлив стил ја започна валканата кампања за предвремените избори во април идната година.


Водејќи се од поговорката „Нападот е најдобра одбрана“, оваа партија се обидува да ги покрие сите криминали на своето раководство, но таквата бедна стратегија веќе не поминува кај народот.


И наместо луѓето од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, да се дистанцира од криминогеното владеење на својот шеф Груевски и на неговите соработници, тие се претвориле во читачи на текстови подготвени во „пералницата на мозоци“, сместена во новата милионска зграда во Скопје. Како ли се чуствуваат читачите на „пресови“ од кујната на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, не е тешко да се претпостави.


Во ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат многу задоволни што во Гинис недостасуваат политичките категории, бидејќи во книгата на негативни рекорди оддамна ќе беа запишани Груевски, Мијалков, Ставревски, Јанакиевски, Јанкуловска и останатите. За разлика од нив градоначалникот Зоран Заев е веќе запишан во аналите на македонските локални самоуправи, како градоначалник на општина која е избрана за најуспешна, најтранспарентна, најеколошка, со најдобри практики, првогасифицирана, најголем корисник на европски проекти и единствена без ниту еден денар задолжување.


Што се однесува до пазарот „Чешел“, кој ги има сите неопходни услови за нормално функционирање, ветувањето за негово покривање целосно ќе биде реализирано. Во општина Струмица постојат приоритетни и помалку приоритетни проекти, но за жал излегуваат и такви кои биле неизвршена обврска на Владата на Република Македонија, па морало да бидат завршени со општински, наместо со државни средства, а на сметка на некои други проекти кои во моментов немаат приоритетно значење. Струмица и понатаму останува општина во кои пазарите кои ги има се само пуста желба на сите други општини, вклучувајќи го тука и главниот град на државата – Скопје.
За крај, уште еднаш прашуваме, каде е пазарот во Струмица, кој го ветија Ставревски, Јанакиевски и Владата предводена од Груевски?“ - стои во писмената реакција од Општина Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест нови случаи со ковид-19

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест н…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од 737 тестирање, 247 нови случаи на ковид-19 во Македонија, од кои 6 тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица. 16 пациенти од Струмица с...

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни набавки

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичанецот Борче Хаџиев, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фонд за осигурување на депозити, е разрешен од ова функција и е именуван з...

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие починале 22 пациенти од ковид-19

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие…

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1901 тестирања, регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19, од кои 32 и во Струмица. Најмногу во Скопје 271 лице...

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Пораз од 3:1 на струмичкиот прволигаш „Академија Пандев“ во првенствениот натпревар на гостински терен од екипата на „Македонија Ѓорче Петров“. Стреле...

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 л…

Окт 24, 2020 Вести

„Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород...

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден починат и 10 оздравени пациенти

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден …

Окт 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешното соопштение од Министерството за здравство, во последните 24 часа од направените 2367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ко...