Со низа свечености Струмица ќе ги празнува двата празника

Понеделник, 07 Септември 2015

Од утре до недела, Општина Струмица ќе ги одбележува двата празника, Денот на независноста и ослободувањето на Струмица

Од утре до недела, Општина Струмица со низа свечености ќе ги одбележува двата празника, 24 години од Денот на независноста на Република Македонија и 71 година од ослободувањето на Струмица.


Утре, на Денот на независноста, 8-ми септември, на плоштадот во Струмица, пред споменикот на Гоце Делчев, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи Свечена церемонија за 24-годишнината од независноста, а покрај реч за историографијата на празникот, настапот на младите од Домот за деца и млади „Благој Мучето“, ќе биде пложено и свежо цвеќе пред споменикот Гоце Делчев.


Истиот ден, во 20:00 часот, ќе биде отворен 23-от интернационален Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционално секоја година започнува на Денот на независноста и ќе трае до 12-ти септември.


Во четврток, на 10-ти септември, од 09:30 часот во СОУ „Димитар Влахов“ ќе започне Турнирот во мал фудбал, за учениците од средните училишта.


Во петок, 11 септември ќе биде одбележана 71-годишнината од ослободувањето на Струмица. По тој повод, во 09:00 часот во Домот на АРМ ќе биде промовирана Монографијата „Сојуз на борците на НОАБМ 1941 - Општински одбор Струмица“, а во 09:30 часот во ООУ „Видое Подгорец“ ќе започне Турнир во мал фудбал за основните училишта.


Свеченоста по повод ослободувањето на Струмица ќе се одржи во 10:00 часот пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк со реч за историографијата на празникот, полагање свежо цвеќе и Мал митинг на револуционерна поезија, во интерпретација на Рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето”, а во Алејата на младите, исто така во Градскиот парк, традиционално ќе биде засадено дрвце на другарувањето.


Во 11:30 часот во ООУ „Маршал Тито“, ќе бидат донирани прехранбени пакети и училишен прибор од страна на Организација на жени од Струмица и Банката за храна на Македонија. Веднаш потоа, во 13:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“, ќе биде промовирана книгата „Режисерската поетика на Бранко Ставрев“ од Иван Ивановски.


На Денот на ослободувањето на Струмица, во 19:30 часот, во Изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“, ќе биде отворена Изложба на дела од годинашната Меѓународна Струмичка ликовна колонија.


Во недела (13-ти септември), со старт во 10:00 часот од плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се одржи Велосипедска рекреативно-образовна прошетка „Културното наследство на Струмичкото поле“, во организација на Центар за одржливи иницијативи од Скопје и Велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица, во партнерство со општина Струмица.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест нови случаи со ковид-19

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест н…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од 737 тестирање, 247 нови случаи на ковид-19 во Македонија, од кои 6 тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица. 16 пациенти од Струмица с...

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни набавки

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичанецот Борче Хаџиев, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фонд за осигурување на депозити, е разрешен од ова функција и е именуван з...

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие починале 22 пациенти од ковид-19

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие…

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1901 тестирања, регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19, од кои 32 и во Струмица. Најмногу во Скопје 271 лице...

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Пораз од 3:1 на струмичкиот прволигаш „Академија Пандев“ во првенствениот натпревар на гостински терен од екипата на „Македонија Ѓорче Петров“. Стреле...

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 л…

Окт 24, 2020 Вести

„Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород...

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден починат и 10 оздравени пациенти

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден …

Окт 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешното соопштение од Министерството за здравство, во последните 24 часа од направените 2367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ко...