Манчев: Програмата „Реално“ содржи 1200 проекти наменети за македонскиот земјоделец

Четврток, 01 Декември 2016

Ванковер Манчев, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4, денеска на прес конференцијата говореше за земјоделието од Програмата „Реално“

Ванковер Манчев, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4, денеска на прес конференцијата говореше за земјоделието од Програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

„Земјоделието е најзначајната стопанска гранка на која се темели развојот и просперитетот на нашиот регион. Во досегашното работење во областа на земјоделието ВМРО-ДПМНЕ ги покажа искрените намери да обезбеди благосостојба на секој земјоделец, а секоја култура што се одгледува на овие простори е наш приоритет. Затоа со гордост пред чесниот земјоделец можеме да застанеме и да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која го препороди и осовремени нашето земјоделие.

 

И пак, неуморно пред земјоделците објавуваме: Програмата „Реално“ содржи 1200 проекти наменети за македонскиот земјоделец, за кои ќе бидат издвоени вкупно 600 милиони евра, односно најмногу средства до сега.

 

Досега најобемната Програма „Реално“ за македонскиот земјоделец предвидува:

 

- 60 процентно финансирање за набавка на нова земјоделска механизација, како и 60 процентна поддршка за осигурување на земјоделските посеви.

 

- 80 проценти финансиска поддршка од државата за инсталирање на системот „капка по капка“ и исто толкава финансиска поддршка за набавка на високоприносен добиток.

 

- поддршка за отворање органски продавници со тоа што 50 проценти ќе бидат финансирани трошоците за опрема до максимални 60.000 денари, а исто така се предвидува и 50 проценти поддршка за производство и употреба на зелена енергија и за заштита на квалитетот на земјоделските производи.

 

За подобро искористување на ИПАРД средствата се планира формирање на фонд кој ќе обезбеди гаранција за хипотеката на земјоделските кредити во висина од 50 проценти од износот, а со 50 проценти ќе се субвенционираат каматните стапки за ИПАРД инвестициите.

 

Проектот „Рурални развојни зони“ има за цел да го поттикне економскиот развој на руралните средини и да ја намали миграцијата село-град. Преку него ќе се поддржуваат инвестиции за изградба на индустриски капацитети, откупно-дистрибутивни центи, хотели со минимум 20 соби, пензионерски домови, спа-центри, болници и спортко-рекреативни центри. Овој проект предвидува : Ослободување на данокот на добивка, ослободување од персонален данок на доход за вработените, ослободување од плаќање социјални придонеси во висина од 50 проценти и сето тоа за период од 10 години. Ослободување од надомест за уредување на градежно земјиште, брза трансформација на земјоделско во градежно земјиште, продажба на државно изградено земјиште по почетна цена од едно евро по квадратен метар и уште многу други мерки.

 

Како дел од Програмата РЕАЛНО, преку проектот „Агро-тирз“ се предвидуваат и голем број поволности за отворање центри за откуп и дистрибуција на свеж зеленчук и овошје.

 

Значајна мерка е и воведувањето професионални Земјоделски советници. Тие ќе се базираат и ќе функционираат како матични лекари. Откако ќе добијат лиценца професионалците во оваа област Ќе им помагаат на земјоделците, ќе ги следат состојбите на родот и ќе им делат корисни совети за проблемите кои би се јавиле во текот на производството.

 

Почитувани. ВМРО-ДПМНЕ сериозно пристапува кон зајакнување на македонското земјоделство.

 

ВМРО-ДПМНЕ знае да го цени трудот на македонскиот земјоделец, ВМРО-ДПМНЕ ги знае реалните потреби на земјоделците и сограѓаните, а тие знаат што е подобро за Македонија“ - истакна Манчев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...