Пишев: Заев и СДСМ немат никаков кредибилитет да говорат за минималната плата

Четврток, 01 Декември 2016

На денешната прес конференција, Васил Пишев, вели дека Зоран Заев и СДСМ немат никаков кредибилитет да говорат за минималната плата

На денешната прес конференција, Васил Пишев, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4, вели дека Зоран Заев и СДСМ немат никаков кредибилитет да говорат за минималната плата, ниту пак за просечната плата во Република Македонија.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

„На лицемерието на Заев и СДСМ им нема крај. СДСМ продолжува да се расфрла со своите нереални ветувања од својата памфлет програма.

 

Зоран Заев и СДСМ немат никаков кредибилитет да говорат за минималната плата, ниту пак за просечната плата во Република Македонија. Во време кога СДСМ беше на власт, минималната плата и не постоеше, додека пак просечната плата изнесуваше 11.800 денари.

 

Зоран Заев без ниту тронка срам, шетајќи низ цела Македонија на граѓаните им ветува минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари.

 

Додека истовремено на вработените во фирмите на кланот Заеви дава плата далеку помала и од просечната и од законски утврдената минимална плата во Република Македонија.

 

Ова е уште една голема лага од памфлет програмата на СДСМ, со која тие повторно сакат да ги потценат и излажат граѓаните.

 

Но, ова нема да помине.

 

Додека Зоран Заев збори за просечна плата, да одговори колку луѓе кај него земаат минимална плата, а има сознанија дека земат и помалку од тоа.

 

Ова е уште една лага, како онаа дека ќе вработат по еден од секое семејство.

 

Граѓаните сеуште се сеќаваат на фамозниот 15-ти септември 2002 година кога во предизборната кампања, Бранко Црвенковски ја кажа најголемата лага, дека доколку победат во секое семејство ќе има барем по еден редовно вработен.

 

Згора на тоа, Заев во неговиот памфлет ветува и зголемување на даноците. Ветувањата на Зоран Заев се апсурдни.

 

Сите овие лажни и неостварливи ветувања на Заев и СДСМ, граѓаните ги препознаваат и затоа на 11-ти декември јасно и недвосмислено ќе ја упатат пораката против погубните политики и деструктивните политики на Зоран Заев и СДСМ“ - истакна Пишев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...