Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради реален гасовод за своите сограѓани

Петок, 02 Декември 2016

Изградбата започнува 2017 година, а ќе заврши во 2020 година, а за него предвидени се 75 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ паралелно со преземањето на интензивни мерки за изградба на националниот гасоводен систем, работи и на изградба на дистрибутивните мрежи - истакна Ванковер Манчев, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Програмата „Реално“, сериозниот пристап кон стопанскиот развој на Македонија, го утврдува врз неколку приоритетни проекти од кои можеби најзначајно место зазема изградбата на национален гасоводен систем. Особена надеж за стопанството во нашиот регион е делот на магистралниот гасовод „Штип - Хамзали - Струмица - Гевгелија“.

 

Оваа делница со вкупна должина од 110 километри и со крак од 7 километри кон Гевгелија, достапот кон природниот гас како економичен енергенс ќе го направи реалност за радовиш, Струмица, Босилово, Ново Село, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија и сите мрежи долж гасоводот.

 

Оваа делница претставува интерконективен вод за пренос на природен гас со што ќе се обезбеди стабилно и сигурно снабдување.

 

Овој проект ќе ги снабди со ефтин енергенс, технолошко индустриските зони во Струмица, Радовиш и Гевгелија.

 

Изградбата започнува 2017 година, а ќе заврши во 2020 година, а за него предвидени се 75 милиони евра.

 

ВМРО-ДПМНЕ паралелно со преземањето на интензивни мерки за изградба на националниот гасоводен систем, работи и на изградба на дистрибутивните мрежи. Мрежи кои овој ефтин енергенс ќе го направат директно достапен до домаќинствата, индустриските и стопанските субјекти. За развој на дистрибутивните мрежи во 2014 година веќе е изработена студија за изводливост.

 

Заради стимулирање на користење на природниот гас како поефтин и еколошки прифатлив енергенс, предвидени се субвенции и кредитирање на корисниците.

 

На тој начин ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во претстојниот мандат ќе изградат реален гасовод за своите сограѓани со реални продобивки за стопанството, за домовите и јавните установи.

 

Почитувани. Гасоводот е значаен проект за нашата татковина со кого објавуваме историски пресврт во развојот на нашиот регион.

 

На 11-ти декември граѓаните со својот глас ќе потврдат дека програмата „Реално“ е енергија за новото време“ - истакна Ванковер Манчев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...