Пишев: Заев секојдневно шетајќи се низ Mакедонија ветува брда и долини

Петок, 02 Декември 2016

„Зоран Заев секојдневно шетајќи се низ Mакедонија ветува брда и долини, лажејќи ги граѓаните со нереални проекти“ - ова на денешната прес конференција...

„Зоран Заев секојдневно шетајќи се низ Mакедонија ветува брда и долини, лажејќи ги граѓаните со нереални проекти“ - ова на денешната прес конференција го истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Зоран Заев по истиот пример како и пред струмичани, сега пред сите граѓани на Република Македонија, шета и ветува нереални и неостварливи мерки и програми за да добие некој глас повеќе. Ова не е прв пат Зоран Заев да ветува, а ништо од тоа не оствари, ова најдобро го знаат граѓаните на Струмица веќе 11 и пол години откако тој е градоначалник на Струмица. Граѓаните на Струмица нема да ги заборават лажните ветувања на Зоран Заев кои никогаш не ги оствари. Зоран Заев пред струмичани многу вети, но ништо не оствари. Во Струмица ветуваше нова подземна сообраќајница на потегот од улицата „24 октомври“ до улицата „Ванчо Китанов“.

 

Тој ветуваше пред струмичани дека оваа сообраќајница подземно ќе ги поврзе овие две улици кои се пресечени од градскиот парк и ќе создаде нова врска помеѓу двете страни на градот. Овој проект според ветувањата на Заев требаше да биде реалзиран најдоцна до 2015 година, но до ден денес нема ниту трага ниту глас од овој проект.

 

Пред струмичани Зоран Заев вети изградба на нов булевар со четири ленти кој ќе се движи од делот кај детската градина на улица „Братство единство“, ќе се пресекува со булеварот „Климент Охридски“ и ќе бидат поставени семафори, а преку новоизградениот мост на реката Водончица ќе заврши со спој на улицата во индрустиската зона Агро берза.

 

Денес граѓаните со свои очи можат да видат дека таму нема изградено никаков булевар. Ветуваше и најавуваше изградба на нова противпожарна станица за брза и ефикасна интервенција на противпоражните екипи. Според ветувањата на Зоран Заев таа требаше да биде изградена во просториите на поранешната касарна и да биде финансирана од буџетот на општина Струмица, но до ден денес оваа противпожарна станица не е изградена.

 

Ова се само мал дел од празните ветувања со кои Зоран Заев ги излажа струмичани. Зоран Заев не го интересираат ниту проекти ниту мерки.  Единствено што го интересира Зоран Заев е како да го зголеми богатството на кланот Заеви преку наместени тендери. На граѓаните не им требаат лажни и измислени проекти кои служат само за прибирање гласови, на граѓаните на Република Македонија им требаат реални и остварливи мерки со кои ќе им се подобори животот.

 

Затоа на 11-ти декември струмичани ќе стават крај на лажните ветувања на Зоран Заев – изјави Пишев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...