СДСМ: Пишев како една украсна птица упорно ги повторува небулозите и нападите

Петок, 02 Декември 2016

Тој како една украсна птица упорно ги повторува небулозите и нападите на неговиот обвинет шеф кон лидерот на СДСМ

„На господинот Пишев и на неговите шефови, кои толку многу ги „обича“, им порачуваме дека Планот за живот во Македонија е тоа што граѓаните го препознаваат“ - вели Коста Костадинов, портпарол на ОО на СДСМ во Струмица, како реакција на прес конференциите на Васил Пишев.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Повторувањето е мајка на знаењето, рекле старите Римјани. Е токму во улога на добар повторувач е кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од нашиот град, поразениот кандидат за градоначалник и државјанин на Бугарија, Васил Пишев.

 

Тој како една украсна птица упорно ги повторува небулозите и нападите на неговиот обвинет шеф кон лидерот на СДСМ. Откако Груевски ќе истури куп лаги, клевети и инсинуации веќе наредниот ден полтронот Пишев ги повторува на прес конференција, узурпирајќи го медиумскиот простор.

 

Кога веќе толку сака да „полтронизира“ зошто не ги коментира масовните прислушувања на граѓаните, „бомбите“, провизиите, узурпациите, убиствата, нарачаните апсења и судски процеси, уништувањето и крадењето на Македонија од страна на неговиот шеф? Тогаш ќе биде комплетен во своите таканаречени прес конференции и ќе биде интересен за јавноста.

 

Но, за среќа, времето на Пишев и ВМРО-ДПМНЕ истекува. И членството им врти грб. Не помагаат ни партиските наредби, ни уцените кон ранливите категории на граѓани, ни заканите врз земјоделците, ниту вандализмот и уништувањето на јавни објекти во струмичко. Присуството на партиските собири и средби е минимално, а некаде завршува и со едноцифрен број.

 

И Пишев и неговиот обвинет лидер очигледно се свесни за тоа, па затоа на граѓаните им ветуваат од ракав истресени проекти. Проекти кои што Општина Струмица веќе ги има реализирано, како што се, фекалната канализација во Добрејци, парковите во населените места, Пречистителната станица, а по трет пат ги спомнувате поврзувањето на Сачево со Свидовица и на регионалниот пат М6 со Сачево.

 

На господинот Пишев и на неговите шефови, кои толку многу ги „обича“, им порачуваме дека Планот за живот во Македонија е тоа што граѓаните го препознаваат и во него ја гледаат единствената шанса да се ослободат од прангите на фамилијата и криминалната власт.

 

А до слободата има само уште 10 денови. На 12 декември Македонија ќе почне да ја дише слободата, а криминалната власт ќе замине на буништето на историјата“ - истакна Костадинов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...