ВМРО-ДПМНЕ продолжува со исто темпо и со поголема мотивација

Сабота, 03 Декември 2016

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев, на денешната прес конференција говореше за претстојните проекти

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев, на денешната прес конференција говореше за претстојните проекти во инфраструктурата, која ќе ги реализира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, доколку победат на претстојните избори.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

„ВМРО-ДПМНЕ оди напред, продолжува со исто темпо и со поголема мотивација во економската и посветеност останува на патот Република Македонија да ја направи квалитетно место за живот на секој свој сограѓанин.

 

ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години стави посебен фокус на вложувањата во економската ифраструктура. Оваа определба продолжува во претстојниот мандат, за кој веруваме изградба на патишта во регионот, нови социјални станови и канализациони системи.

 

Во тек се градежни активности за изградба на нова современа Пречистителна станица за третман на отпадни води за жителите на општина Струмица и околината. Капацитетот и инвестирањето во овој објект гарантира подобрување на заштитата на водите во регионот, за што програмата „Реално“ предвидува 6,7 милиони евра.

 

Во Струмица до 2019 година ќе бидат изградени 41 стан, инвестиција вредна 56,5 милиони денари, со цел да се заштитат лица од социјално ранливата категорија.

 

Новиот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на 11-ти декември ќе донесе во регионот нови патишта, нови поврзувања, подобри комуникации и нови можности.

 

Реконструкција на Регионалниот пат Струмица - Ново Село, буџет од 2 милиони евра, изградба на Регионален пат Старо Коњарево - Ново Коњарево кон границата со соседна Бугарија.

 

Реконструкција на делницата Струмица - Попчево - Белотино - Рич - Конче.

 

Реконструкција на првите делови на патиштата Брана Водоча - Рич - Свидовица М6 - Сачево и Дабиље - Просениково.

 

Бројни проекти и крупни инвестиции наменети за инфраструктурата која поврзува и обединува.

 

Почитувани. Деновиве ги посетуваме градовите и населените места, се среќаваме со нашите граѓани, доаѓаме до сечија врата да пренесеме дека ние сме фокусирани на економскиот прогрес, на суверена и самостојна независна држава, на соживот без меѓусебно уценување на граѓаните, на новите работни места за сите и победа за подобра Македонија“ - истакна Манчев, упатувајќи покана за утрешниот голем Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, кој ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, со почеток во 20 часот.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...