Од СДСМ со реакција на изјавата на Ванковер Манчев дека ќе градат Пречистителна станица

Сабота, 03 Декември 2016

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ почна да краде проекти, Пречистителната станица во Струмица веќе се гради

Од Општинската организација на СДСМ во Струмица со реакција на изјавата на Ванковер Манчев на денешната прес конференција, дека Пречистителната станица во близина на Струмица, која започна со изградба, го препишуваат како свој проект.

 

„Безидејното ВМРО-ДПМНЕ немајќи што да им понуди на граѓаните во пресрет на поразот на 11 декември, почна да краде проекти и да ги припишува како свои.

 

Пречистителната станица за којашто зборуваше Ванковер Манчев, веќе се гради. Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, уште во октомври го издаде и потпиша одобрението за градба на Пречистителната станица за отпадни води во Општина Струмица. Проектот е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) – Компонента III – регионален развој.

 

Објектот ќе се гради на површина од 55.000 метри квадратни и е предвиден да опслужува 53.419 жители, а ќе биде готов до октомври 2017 година.

 

ВМРО-ДПМНЕ нема веќе што да им понуди на граѓаните. Тие имаа 10 години да понудат добар живот за граѓаните и решенија на нивните проблеми, но не го направија тоа, бидејќи единствено мислеа на личното богатење.

 

Поради тоа, на 11 декември граѓаните ќе гласаат за промени, ќе изберат живот во Македонија“ - стои во писмената реакција од ОО на СДСМ во Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...