Кандидатите за пратеници од СДСМ на средба со лицата со посебни потреби

Сабота, 03 Декември 2016

Како што истакна д-р Кузмановска, целта на оваа средба беше да ги слушнеме нивните барања и потреби, а во исто време и да им ги презентираме нашите заложби

Кандидатите за пратеници од редовите на СДСМ во Изборната единица 4, Катерина Кузмановска, Коста Јаневски и Костадин Костадиновски, денеска во хотелот „Тивериопол“ во Струмица, по повод светскиот Ден на лицата со посебни потреби, имаа средба со претставници на граѓански здруженија во кои членуваат лица со посебни потреби.

 

Како што истакна д-р Кузмановска, целта на оваа средба беше да ги слушнеме нивните барања и потреби, а во исто време и да им ги презентираме нашите заложби кои се предмет на нивен интерес, а се дел од нашата изборна програма „План за живот во Македонија“.

 

„За разлика од луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, на кои им текнува за овие лица само од 3-ти декември на 3-ти декември, при што само декларативно водат грижа за оваа категорија граѓани, а всушност во секој однос ги маргинализираат, ние од СДСМ и нашиот лидер Зоран Заев водиме континуирана грижа за нив и нивните потреби. Во тој однос Општина Струмица е водечка во Република Македонија, а нашиот лидер Зоран Заев за таквата грижа е повеќе пати наградуван. Дека е тоа така, сведочат Златната плакета што тој ја доби од Сојузот на лица со телесен инвалидитет, како единствен градоначалник во земјава што добил таква награда, Златната плакета на Заводот за заштита и рехабилитација во Бања Банско и уште многу други признанија од разни сојузи и здруженија на лица со посебни потреби. Задоволството што владее кај овие лица од редовната поддршка на проекти и манифестации, кои повеќе од една деценија ја имаат од нашиот лидер Заев, е навистина големо.

 

Посебен дел од нашата програма се однесува на целосната интеграција на лицата со посебни потреби. Оваа мерка подразбира: креирање систем за проценка на специфичните потреби, односно категоризација на деца со попреченост врз Меѓународната категоризација, унапредување на инклузивната пракса во предучилишните установи во Македонија, реорганизација на дневните центри за лица со попреченост, отворање центри за ран детски развој, зголемување за 50 % на износот за заштита на правата на лицата со посебни потреби, укинување на квотата за поврат на ДДВ за увоз на специјални возила за овие лица, почитувње на квотитеза вработување на лица со посебни потреби, скратено работно време за родители на деца со посебни потреби, обезбедување право на посебен додаток до 26-та година, да премине во право на помош и нега од друго лице, и уште многу други мерки. Според уставот сите сме исти и затоа лицата со посебни потребни заслужуваат права како и сите други лица во нашето општество. СДСМ ќе им ги обезбеди во целост“ - истакна д-р Кузмановска.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...