Владата на СДСМ ќе го укинува екстерното тестирање

Сабота, 03 Декември 2016

Екстерното тестирање не ги оствари целите за кои беше воведен и служеше само за вршење притисок врз наставниците

Владата предводена од СДСМ веднаш ќе го укине екстерното тестирање како проект што предизвика голем револт кај наставниците, а создаде вознемиреност и незадоволство кај учениците и кај нивните родители - истакна на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од СДСМ во ИЕ4, Коста Костадинов.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

„Политиките на актуелната власт ги деградираа сите сфери на живеење на граѓаните на Република Македонија. Во образованието, наместо да се работи на подигнување на квалитетот, се спроведе проект за негово ставање под целосна партиска контрола. Инспекциските служби и екстерното тестирање се користат како инструменти за држење во покорност на наставниците и професорите. Автономијата на универзитетите е целосно нарушена.

 

Со победата на 11 декември целосно ќе ја смениме состојбата во образовниот систем во Македонија.

 

Ќе организираме јавна расправа и серија на дебати со вработените во образовните институции, со стручната јавност и со граѓанскиот сектор за функционална промена на концептот на образование. Со тоа ќе прекине досегашната пракса на реформи без дискусија, кои се менуваат преку ноќ по политички диктат. Ќе го искористиме примерот на добрите европски образовни практики, а концептот што ќе произлезе од таа сеопфатна расправа ќе биде имплементиран од учебната 2018/2019 година.

 

Веднаш ќе го укинеме екстерното тестирање како проект што предизвика голем револт кај наставниците, а создаде вознемиреност и незадоволство кај учени- ците и кај нивните родители. Екстерното тестирање не ги оствари целите за кои беше воведен и служеше само за вршење притисок врз наставниците, заканувајќи им се со казни и губење на работното место. Ние предлагаме евалуација и тестирања на учениците, но без дополнително внесување на оценки во нивните свидетелства и без казни за наставниците. Вреднувањето на стекнатото знаење ќе се спроведува континуирано.

 

Предучилишното образование го враќаме во образовниот систем. Воведуваме задолжително едногодишно предучилишно образование, како интеграциска мерка и подготовка на децата за влез во 9-годишното основно образование. Ова ќе придонесе за изедначување на децата од различните социјални средини, како и за започнување со елементите на воспитниот процес, којшто во изминатите години исчезна од образовниот систем.

 

Средното образование ќе трае две, три или четири години: ќе ги задржиме класичното гимназиско образование и четиригодишното стручно образование, но ќе воведеме и можност за завршување по втора и трета година кај стручното образование. Промената ќе биде во тоа што на пазарот на трудот првите кадри ќе се вклучат по две или три години средно стручно образование, на 17-годишна возраст. Имено, оние кои сакаат да се вклучат на пазарот на трудот не треба непотребно да ги задржуваме во образовниот систем. На тие млади луѓе ќе им овозможиме брз влез во стопанството и време за созревање и планирање на сопствената деловна кариера, со можности за подоцнежно дошколување.

 

Наставниците ќе ги ослободиме од непотребните административни, формални и други обврски за да можат целосно да им се посветат на учениците и нивното воспитание и образование. На наставниците во основното и во средното образование им се потребни поддршка и стимулација, а не закани и казни. Ќе воведеме нови звања за наставниците и во основното и во средното образование. Тие звања ќе имаат значајна улога во кариерата и бенефициите на секој наставник.

 

Ова се само дел од мерките со кои ќе го подобриме образовниот процес и ќе го вратиме достоинството и на наставниот кадар и на учениците.

 

Нудиме план за живот на сите во Македонија, затоа што за нас секој е важен“ - рече Костадинов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...