Пишев: Заев пред струмичани во изминативе години ветуваше се и сешто

Сабота, 03 Декември 2016

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4, Васил Пишев и денеска на прес конференција со обвинувања за, како што вели, лажните ветувања

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4, Васил Пишев и денеска на прес конференција со обвинувања за, како што вели, лажните ветувања на Зоран Заев.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

„Зоран Заев не престанува секојдневно да ги лаже граѓаните преку своите неостварливи и мегаломански ветувања.

 

Од ден на ден, од митинг на митинг, слушаме по некој нов бисер од ветување на Зоран Заев.

 

Очигледно Зоран Заев свесен за малата поддршка која што ја има кај граѓаните, пред нив ветува се и сешто, со цел да ќари некој глас повеќе.

 

Но ова не му е прв пат. Вакви исти и слични лажни ветувања на своја кожа имаат почувствувано и струмичани. Тие многу добро знаат што значи дадениот збор на Заев. Тие многу добро знаат што значи кога Зоран Заев ќе даде ветување. Тие многу добро знаат дека на Зоран Заев не може да му се верува.

 

Зоран Заев пред струмичани во изминативе години ветуваше се и сешто, но ништо од ветеното не оствари.

 

Заев пред струмичани ветуваше дека ќе изгради нов повеќенаменски и модерен пазар со што по долги години струмичани требаше да добијат модерен и повеќенаменски пазар. Но ваков пазар, Зоран Заев никогаш не изгради.

 

Зоран Заев во Струмица ветуваше и изградба на повеќенаменска мултифункционална изложбена хала и деловен комплекс кои што требаше да дадат модерен и современ лик на Општина Струмица. Но и од ова ветување на Заев нема ни трага ни глас.  

 

Тој пред струмичани вети и изградба на модерно булеварско решение со четири сообраќајни ленти на Булевар Климент Охридски поточно од Жито Струмица до Терминал. Денес струмичани можат да се уверат дека ниту од овој проект на Заев нема ништо.

 

Ова е уште еден дел од списокот на нереализирани и празни ветувања кои Заев ги кажа пред струмичани.

 

Нему не му се важни проектите, нему не му е важен дадениот збор, а најмалку му се важни граѓаните.

 

На Зоран Заев му е важно само како да ќари уште некој тендер од општинскиот буџет за фирмите на брат му Вице, за фирмите на стрина му, чичко му, братучедите и бизнис партнерите.

 

Но сето ова ќе престане.

 

Граѓаните веќе знаат кој се расфрла со лажни и нереални ветувања само да се добере до власт, а кој ветува реални проекти и потоа ги исполнува и остварува. Затоа, на 11-ти декември струмичани ќе кажат големо НЕ за лажните ветувања и големиот број на неостварени проекти на Заев во Струмица“ - изјави Пишев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...