Јаневски и Кузмановска на средба со невладините организации

Недела, 04 Декември 2016

Струмичките кандидати за пратеници од СДСМ во Изборната единица број 4, денеска остварија средба со претставниците на граѓанскиот сектор

Струмичките кандидати за пратеници од СДСМ во Изборната единица број 4, денеска остварија средба со претставниците на граѓанскиот сектор, на која разговараа за учеството на овој многу значаен сектор во нашето општество, како што рече д-р Коста Јаневски, тие се гласот на граѓанинот, неговиот контролор на власта.

 

„За разлика од власта, за која граѓанскиот сектор како и да не постои во нашата држава и постојано е игнориран од нејзина страна, па дури и прогласуван за предавник на државните интереси и е нарекуван со најразлични погрдни имиња, ние од СДСМ постојано водиме грижа за него и докажуваме дека ни е многу важен.

 

Примерот на општина Струмица, каде со години назад граѓанскиот сектор учествува скоро во секојдневните активности на локалната самоуправа лесно може да се преслика на територијата на целата држава, за пример како треба да се работи“ - рече Јаневски, потенцирајќи дека токму тоа го имат во „Планот за живот во Македонија“.

 

„Со него планираме да обезбедиме процес на загарантирани консултации со граѓанскиот сектор, со коморите, со синдикатите и со други релевантни чинители во сферите на работа на власта, при носење нови закони и измени на постојните. Секое министерство ќе мора правовремено да ја извести јавноста за процесот на консултации и за неговите ефекти. Задолжителниот период на консултација ќе изнесува 60 дена.

 

Граѓанскиот сектор ќе биде контролор над власта, со што ќе се придонесе да имаме општество во која граѓаните ќе се чувствуваат еднакви, сигурни и достоинствени.

 

Учеството на граѓанското општество во креирањето политики и надзорот над извршната власт беше ретко и симболично. Во Собранието ќе иницираме деловничка обврска за сите комисии да овозможат учество на заинтересирани субјекти, невладини организации, синдикати, комори и слично, во дебатите за генерални политики, стратегии и клучни закони. Истата можност ќе биде дадена и во текот на надзорните расправи.

 

Ќе овозможиме поголема присутност на граѓанскиот сектор во работењето на регулаторното тело и Македонската Радио Телевизија. Невладините организации од сферата на медиуми, слободата на говорот и човековите права ќе имаат можност да предлагаат членови во регулаторното тело и во органите на управување на МРТ.

 

Седниците на локалните совети ќе бидат отворени за присуство на граѓани, различни целни групи на граѓани и граѓански организации. Салите за одржување на седниците ќе бидат реконструирани, за да се овозможи присуство и активно учество на заинтересираните поединци, групи и организации.

 

Ќе создадеме претпоставки за максимална вклученост на урбаните и месните заедници, граѓанските здруженија, поединците и различните целни групи на граѓани за создавање на буџет по желба на граѓаните. Со тоа, сите заинтересирани страни ќе учествуваат во утврдувањето на локалните приоритети на општините.

 

Локалната самоуправа ќе биде отворена за соработка и за градење партнерства со граѓански организации. Преку младинските совети и со други облици, ќе обезбедиме простор за младински активизам за остварување на специфичните интереси на младите.

 

Граѓанскиот сектор ќе биде вклучен во сите јавни расправи, серија на дебати, согласно својата програмска определба, во носењето на закони граѓанските организации и другите засегнати страни ќе станат составен дел од сите работни групи за поддршка на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ.

 

Уште еднаш повторуваме: СЕКОЈ Е ВАЖЕН, бидејќи се работи за животот на граѓаните во Република Македонија - истакна Јаневски.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...