ФОТО/ВИДЕО: Голем Митинг на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица

Понеделник, 05 Декември 2016

На митингот во Струмица беа претставени кандидатите за пратеници од четвртата изборна единица, а се обратија струмичките кандидати за пратеници

Со изборите на 11 декември ќе покажеме дека овде живее горд и достоинствен народ кој со оваа генерација ќе го победи сето она што и се прави на Македонија, порача синоќа на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Струмица претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во Четвртата изборна единица, Никола Груевски.

 

Со 63 пратеници за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Груевски, ќе се стави крај на кризата и на планот за мрачни сценарија за државата.

 

Тој истакна дека верува во проценката, мудроста, храброста и силата на народот, кој ќе се спротивставел на плановите, како што рече, за редефинирање на Македонија.

 

Суштината на спорот со Грција, додаде, не е само името, туку и идентитетот и јазикот, тие сакаат да го остварат тоа преку редефинирање на државата одвнатре, и да го скршат идентитетот на Македонците. Тоа, потенцира, е крајната цел.

 

На 11 декември, нагласи Груевски, ќе се бира помеѓу опцијата која создавала кризи и онаа која била посветена на напредокот на државата. Секој треба да се праша самиот кој подобро ќе се справи со економските предизвици, кој има подобар кадар и подобра програма, кој ќе отвори нови работни места, кој ќе биде достоинствен пред уцени, кој ќе ги штите државните интереси подобро, наведе Груевски.

 

 

Според него, со гласот за ВМРО-ДПМНЕ, се гласа за 70.000 нови работни места, за зголемување на платите и пензиите за најмалку 10,25 проценти на пензиите, на социјалната помош за 50 проценти, на минималната плата постепено до 14.000 денари до 2020 година, за 600 милиони евра за земјоделците, нова опрема во здравството. – Гласаш за продолжување со изградбата на трите нови автопати: Демир Капија – Смоквица, Скопје – Штип и Кичево – Охрид и за обновување на автопатите Смоквица -Гевгелија, Куманово – Скопје, Неготино – Демир Капија, Велес – Градско, за изградба на нови автопати од Скопје до Блаце, од Гостивар до Кичево, од Требеништа до Струга. Гласаш за шест нови експресни патишта, за продолжување на градба на пругата кон Бугарија и од Битола до Грција, … - рече Груевски.

 

Во Струмица најави дека ќе се гради нов пливачки базен, две двојни тениски игралишта, четири игралишта за кошарка, фитнес зона на отворено, нови спортски сали, како и обнова на четири училишта, нова специјализирана читална, две нови градинки, дневен центар за  повозрасни лица…

 

– Ќе ги реконструираме региноналните патишта СтрумицаНово Село, Струмица – Попчево-Белотино-Рич-Конче и регионалниот пат Радовиш-Струмица, како и патиштата до селата Воиславци, Сулдурци и Калуѓерица. Ќе изградиме фекална канализација за Добрејци, за Дабиље, Просениково.. Ќе ја довршиме изградбата на стариот театар како и Центарот за култура Антон Панов кој ќе биде темелно реновирана, рече Груевски. Најави и дека ќе се догради веќе започнатата општа болница во Струмица и оти ќе се набават 125 медицински апарати, како и изградба на магистралниот гасовод Штип-Хамзали-Струмица-Гевгелија, во  должина од 110 километри.

 

На митингот во Струмица беа претставени кандидатите за пратеници од четвртата изборна единица, а се обратија струмичките кандидати за пратеници, Ванковер Манчев и Васил Пишев, како и дел од коалициските партнери.

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...