СДСМ: Груевски ги плаши граѓаните со Заев, кој ниту еден ден не бил на власт

Понеделник, 05 Декември 2016

Портпаролот на ОО на СДСМ во Струмица, Коста Костадинов, по синоќешниот Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, денеска со прес конференција

Портпаролот на ОО на СДСМ во Струмица, Коста Костадинов, по синоќешниот Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, денеска со прес конференција.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Синоќа во Струмица се случи прошталниот митинг на Никола Груевски и неговата криминална банда. Дојде во придружба на 170 автобуси и 350 комби возила. Дојде и рече дека дошол во неговата изборна единица, како да му е наследство и дека дошол во слободна Струмица.

 

Да, Струмица е еден од ретките слободни градови во Македонија, откако токму Груевски ја зароби и окупира државата. Тоа беше единственото точно што го кажа синоќа.

 

Сето останато го излажа. Две третини од неговиот говор зборуваше за Заев и кој бил планот на СДСМ.

 

Замислете, Груевски кој 14 години е извршна власт во Македонија и кој ја упропасти државата на секој план, ги плаши граѓаните со Заев, кој ниту еден ден не бил на таква позиција.

 

Во останатиот, помал дел од говорот ги најави божемните проекти што ќе ги направел за Струмица.

 

По кој знае кој пат ги вети истите проекти што веќе се најавувани, како на пример читалната, болницата или патот Свидовица-Сачево, ама вети и такви проекти за кои цела јавност знае дека Општина Струмица веќе работи на нивна реализација. Такви се фекалната канализација во Добрејци, прeчистителната станица во Струмица и слични.

 

Што да се каже за другите говорници? Лагите и навредите што тие ги пласираа за Зоран Заев, едноставно не заслужуваат коментар. Не заслужуваат ни трошка внимание.

 

Тоа го знаат и оние кои синоќа под уцени беа донесени во Струмица, од разни краишта на Македонија. Ги имаше од секаде, само струмичани беа малцинство во својот град.

 

Но ако, добро е и тоа, барем ги видоа убавините на Струмица, барем ја видоа најуспешната општина во Македонија.

 

Половината од нив, во недела ќе гласаат за СДСМ, оти им е доста да бидат дел од некакви „сендвич претстави“, оти им е доста од криминалите на оние што до вчера ги поддржуваа.

 

Епилогот од митингот е дека Груевски си замина синоќа од Струмица, нерасположен и лут, ем затоа што не беше задоволен од она што се случи на струмичкиот плоштад, ем од веста дека во Скопје, Зоран Заев ја крена Македонија на нозе.

 

Тоа е уште еден доказ дека на 11-ти победуваме - изјави Костадинов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...