Испечатете ја страната

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на нови детски градинки и рекострукции на училишта

Вторник, 06 Декември 2016

На денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4, Ванковер Манчев, говореше дека институциите во регионот и во општина Струмица

На денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4, Ванковер Манчев, говореше дека институциите во регионот и во општина Струмица кои ги образуват младите, имаат потреба од постојано инвестирање и се во фокусот на вниманието на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Програмата Реално носи визија за една современа и изградена Република Македонија во чии темели се доброто образование и здравиот живот на младите. Оттука, институциите во регионот и во општина Струмица кои ги образуват младите, имаат потреба од постојано инвестирање и се во фокусот на нашето внимание.

 

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со изградба на нови детски градинки со кои ќе ги зголемиме капацитетите за опфат на околу 18.000 деца. Планирано е да се изградат градинки со различни капацитети и тоа градинки со капацитет за 50 деца, градинки со капацитет од 120 деца и детски градинки со капацитет до 220 и 350 деца во зависност од проценките на средината и две детски градинки со вкупен капацитет за сместување на 500 до 570 деца.

 

Со цел понатамошно унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години, планирано е понатамошно инвестирање во проширување на капацитетите во детски градинки, како на пример во Босилово и Василево.

 

ВМРО-ДПМНЕ во нашиот регион и во општина Струмица ќе се зафати со инвестирање во образованието во делови кои ни се посочени од сограѓаните:

 

- реконструкција и инвестиции на одредени делови од основните училишта во Муртино, Вељуса, Просениково и во основното училиште „Сандо Масев“ во Струмица.

 

- спортски сали ќе бидат изградени во основното училиште „Сандо Масев“ во Струмица, но и во училиштето „Никола Вапцаров“ и основното училиште во Муртино.

 

- во периодот од 2017 до 2020 година ќе изградиме две повеќенаменски игралишта и две двојни тениски терени.

 

- во истиот период во овој регион ќе изградиме четири кошаркарски игралишта, фитнес зона и олимписки ватерполо базен со димензии 33 на 25 метри.

 

Наведеното ќе биде само дел од општото залагање за образованието на младите, за нивниот здрав психички, физички и ментален развој, бидејќи визијата на ВМРО-ДПМНЕ за македонија се темели на добро образовани и еманципирани граѓани спремни за интеграција во современо општество.

 

Како млад човек и како иден лекар специјалист во областа на здравјето на децата и младите, се обраќам на сите млади родители, на студентите и на сета прогресивна младина: Знаеме што е подобро и како да одиме напред, во овие денови, нашето единство и заложбата за реализација на програмата Реално се најголемиот предизвик за нашата генерација“ - истакна Манчев на прес конференцијата.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за…

Мај 23, 2022 Вести

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун поставена изложба на Кристина Зимбакова

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун пост…

Мај 22, 2022 Вести

На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ на фестивалот НЕТА

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Е…

Мај 22, 2022 Вести

Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

Мај 21, 2022 Веб Билборд

Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...

Струмичките пожарникари подновени, си добија нови униформи за Денот на пожарникарството

Струмичките пожарникари подновени, си добија нови униформи з…

Мај 20, 2022 Вести

На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...

Компанијата АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Комерцијалист

Компанијата АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Комерцијалист

Мај 20, 2022 Веб Билборд

Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...

Самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова во Солун, Грција

Самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова во Со…

Мај 20, 2022 Вести

Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...