Испечатете ја страната

ИНТЕРВЈУ со Катерина Кузмановска, иден пратеник во Собранието на Република Македонија

Петок, 09 Декември 2016

Како прво здравството ќе им го вратиме на граѓаните и на здравствените работници

Доктор Катерина Кузмановска е родена 1968 година во Струмица. Средно образование завршила во гимназијата „Јане Сандански“ во 1986 година. Медицински факултет во 1991 година, а од 1992 година работи во ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица. Специјалист педијатар е од 2004 година.

 

Досега бевте член на Советот на општина Струмица, колку за доктор Кузмановска е предизвик пратеничката функција?

 

Кузмановска: Во животот постојат повеќе предизвици. Предизвик беше и советничката функција од која научив што значи да бидеш дел од креирањето на една успешна локална политика. Струмица е општина каде што со Зоран Заев, како прв човек и градоначалник, доби лик на модерен европски град, на кој можат само да ни завидуваат. Мислам дека и пратеничката функција е уште поголем предизвик. Времето во кое живееме и кое ја руши суштината на човековото постоење, основните морални вредности, демократијата и слободоумието, мојата сегашност, професионалност, иднината на нашите деца е мојот најголем предизвик да застанам на вистинската страна за промени, за враќање на вербата и надежта.

 

Кои се приоритетите во вашата агенда по влезот во Собранието на Република Македонија?

 

Кузмановска: Македонија има плодна земја, има вреден и работлив народ, но мора да има и одговорни политичари. Јас сум убедена дека како што професионално ја вршев мојата лекарска професија, така одговорно и професионално ќе ја извршувам и пратеничката функција, се со цел во интерес на граѓаните кои ми ја дале довербата во сите сфери на општествениот живот.

 

Како лекар специјалист-педијатар, со долгогодишен стаж во државното здравство, што ќе им понудите на граѓаните за подобро функционирање на здравствениот систем и негово ставање во нивна фунција?

 

Кузмановска: Како прво здравството ќе им го вратиме на граѓаните и на здравствените работници. Законите и решенијата за квалитетен здравствен систем нема да ги донесуваме стихијно, туку со договор и во интерес на пациентите и здравствените работници. Ќе знаеме да го вреднуваме и почитуваме трудот и важноста на здравствените работници, а од друга страна ќе овозможиме достапност до здравствени услуги и задоволни пациенти.

 

Каква е вашата оценка за досегашниoт тек на кампањата за предвремените парламентарни избори на 11 декември?

 

Кузмановска: Мислам дека треба да останеме достојни на она на кое се обврзавме како политичка партија. Јас се надевам дека барем малку во секого ќе проработи човечноста, грижата на совеста и моралот, одговорноста спрема земјата во која живееме, одговорноста кон нашите деца. Јас се надевам дека граѓаните ќе ја препознаат вистината, дека ќе имаат храброст да им се спротивстават на притисоците, уцените и заканите и ќе може слободно да ја изразат својата волја на 11 декември.

 

Колку сте задоволни од вашата промоција пред граѓаните?

 

Кузмановска: Јас имам 48 години, 24 години работам како лекар, мојата промоција како човек,како граѓанин, трае многу подолго од овие 15 дена на изборната кампања,а и убедена сум дека СДСМ со Коалицијата ќе донесе живот во Македонија.

 

Што можете да им ветите на вашите избирачи?

 

Кузмановска: Можам да им ветам дека гласајќи за промени и планот за Македонија на СДСМ и Коалицијата гласаат против суровата сегашност, а за иднината на своите деца. Уверена сум дека граѓаните заслужуваат и во Македонија може подобро да се живее.

 

Каков пратеник ќе добијат граѓаните со вашиот избор?

 

Кузмановска: Јас сум дел од народот, едноставен човек, хуманист, професионалец во работењето , до сега во служба на пациентите. Како иден пратеник ќе останам повторно меѓу граѓаните , ќе учам од нив, ќе бидам спроводник на потребите и предлозите- се во интерес на подобар и подостоинствен живот.

 

Кои проблеми на граѓаните ќе настојувате да бидат решени во македонското собрание?

 

Кузмановска: Подобар живот за граѓаните, со повисоки плати, со повисок стандард - да се живее, а не да се преживува. Да градиме држава која ќе постои за граѓаните, а не граѓаните за државата. Да запрат огромните социјални разлики. Парите ќе ги насочиме кон граѓаните. Институциите ќе работат во служба на граѓаните. Ќе ги поддржиме домашните фирми. Ќе има контрола над власта и правда за сите. Земјоделството ќе го вратиме на земјоделците, образованието на наставниците и учениците, здравството на пациентите и здравствените работници. Се ова, во прилог на најважното-за младите да останат во Македонија.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавадарци, Куманово и Скопје - Ти си на ред! Излези, гласај!

ДИК со едукативниот караван ги посети Струмица, Штип, Кавада…

Окт 15, 2021 Вести

Оваа недела во рамките на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија ги посети градови...

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласај…

Окт 15, 2021 Избори 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, закани од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за насилна кампања, поткуп, притисоци, з…

Окт 15, 2021 Вести

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција до медиумите. Според нивното соопштение, сакат да ја информираат струмичката јавност за „...

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Денеска најмногу дожд во Струмица - 18 л/м²

Окт 14, 2021 Вести

УХМР информира дека во текот на денешниот ден, односно од 08:00 до 17:00 часот во Струмица наврнало најмногу дожд - 18 л/м². Од југоисточниот регион в...

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со оштетен вид во …

Окт 14, 2021 Вести

Во рамките на Манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“, денеска во НУ Завод и Музеј во Струмица е поставена Тактилна изложба на слики за ли...

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 14, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното сво...

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички пат, во Старо и Ново Добрејци и дел во Василево

Прекин на електричната енергија во реонот покрај Просенички …

Окт 14, 2021 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 15 октомври) од 11:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат: „Роко 2000“, „На...

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата во Струмица

Костадинов ги презентираше проектите од областа на културата…

Окт 13, 2021 Избори 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, денеска ги презентираше постигнувањата во културата и наја...