Испечатете ја страната

ВМРО-ДПМНЕ Струмица за „новопечените“ директори во Струмичките болници

Четврток, 03 Август 2017

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со соопштение за назначувањето на новите директори во Струмичките болници

Почитувани струмичани!

СДСМ со своите коалициони партнери во владата секојдневно го разочарува македонскиот народ.

Разрешувањето за неколку дена на педесет директори на здравствените установи е пример за партискиот режим на СДСМ!

Зоран Заев ветуваше промени во здравството со поставување на стручен кадар и повисоки плати на докторите, но за жал, нема ништо од тоа, напротив се менуваат докажани кадри и се поставуваат нови поради приватна блискост со некој функционер од СДС.

Пример за тоа е „новопечената“ директорка на Здравен Дом во Струмица, која по професија е психолог и никогаш нема дежурано, ниту пак во работата имала ургентен случај, поради недоволното познавање на проблематиката пациентите на кои им треба итна помош би можеле да бидат доведени во опасност.

За чудо, ниту партиски во СДСМ не ја познаваат и не и веруваат доволно.

И по назначувањето за директор на ЈЗУ Општа болница во Струмица, внатрепартиски кавги во СДСМ се префрлија на приватните ФБ профили, каде може да се прочита дека директор требало да биде д-р Јане Араников, кого го „извисиле во последен момент“.

Како граѓаните да веруваат на СДСМ кога тие самите не си веруваат? - стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...