ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Струмица со Марјан Бајрактаров за градоначалник на Струмица

Среда, 16 Август 2017

Доктор Марјан Бајрактаров е кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„За Струмица, кандидат за градоначалник е Марјан Бајрактаров, орален хирург, почитуван сограѓанин на струмичани, долгогодишен партиски активист, претседател на Општинскиот комитет и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција, заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема изборна победа на локалните избори“.

Марјан Бајрактаров е роден 1965 година во Струмица. Основно и средно образование завршува во Струмица. Дипломирал на Стоматолошки факултет во Скопје, а подоцна специјализира орална хирургија. Во брак е со Силвана Бајрактарова, јавен обвинител во Основното јавното обвинителство во Струмица. Имат две деца, Ангела и Александар.

Бајрактаров има своја приватна здравствена установа, Специјалистичка ординација по орална хирургија и сопственик е на пицеријата „Елизабет“ во Струмица.

Во периодот од 2005 до 2007 година е претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Од 2009 до 2013 година е член на Советот на општина Струмица.

Член е на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и активно учествува во политичкиот живот во општината.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за неповторлива цена

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за не…

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во петок и сабота (26 и 27 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 4...

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локал…

Ное 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година во 07:00 часот наут...

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во четврток, петок и сабота во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, кој се наоѓа кај Рекеџиски мост, ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секо...

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Ное 25, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување д...