Испечатете ја страната

ИНТЕРВЈУ со Коста Јаневски: Верувам во мојот град, во мојата програма, во овој вреден и работлив народ

Петок, 13 Октомври 2017

Радио СтрумицаНет со кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“, Коста Јаневски.

Биографија: Кој е Коста Јаневски?

Коста Јаневски е роден 13.05.1960 во Штип. Основно и средно училиште завршува во Струмица. Веднаш по завршувањето на  средното училиште се запишува на Медицинскиот факултет во Скопје, а по завршувањето на истиот се вработува во Општа болница Струмица. Од 1998 до 2002 година го доусовршува своето образование со специјализација по интерна медицина. Работниот век го посветува на здравјето на пациентите како лекар интернист.

Коста Јаневски детството го има поминато во Струмица, во семејна заедница со неговите родители Христо и Љубинка и единствениот брат Владимир. Татко на Христијан, дипломиран правник. Домашното воспитување и изградените морални и културни вредности се одлика на неговото детство и огледало на фамилијата од кадешто истиот потекнува од татко примариус специјалист интернист и мајка виша медицинска сестра.

Со оглед на долгогодишниот професионален ангажман на кандидатот за градоначалник како лекар специјалист и секојдневната комуникација со луѓе, истиот ужива голем авторитет кај граѓаните на општина Струмица. Личните карактеристики го дефинираат како непосреден, искрен, хуман и трпелив човекољубец. Урбан лик, посветен на сопственото семејство и здравјето на луѓето.

Способноста да се постави позитивно кон животните премрежја и општествените неправди му овозможија висока позиционираност во скалилото на секојдневието кај струмичани.

2009-2013 член на Советот на општина Струмица од редовите на СДСМ. 2013 година повторно е избран за член на Советот на општина Струмица од редовите на СДСМ, а во 2016 година станува пратеник во Собранието на Република Македонија.

- Зошто се одлучивте да влезете во трката за градоначалник на општина Струмица?

ЈАНЕВСКИ: Да се води општина Струмица потребна е храброст и љубов. Потребно е да ги разбираш граѓаните, да можеш да го прифатиш предизвикот, да имаш голема надеж и верба во тоа што го работиш. Мислам дека животот и искуството го прави човек доволно силен, воден од желбата за промени и можноста да оставиш белег во средината во која припаѓаш – било како лекар или како политичар. Јас имав прилика да искусам и од едното и од другото. Дополнителен мотив и охрабрување ми се промените кои започнаа да се реализираат додека бев пратеник како дел од она кое ние им го ветивме на граѓаните на Парламентарните избори кои што се одржаа во декември минатата година, а од друга страна довербата и поддршката која постојано ми ја даваа граѓаните. Имав можност да учам и да бидам дел од тимот на една од најуспешните општини, гледав како Струмица расте и се развива и сигурен сум дека има потенцијал да биде уште поубава. Го прифатив предизвикот затоа што верувам во нашата и моја идеологија, верувам во мојот град и во граѓаните со кои заедно ќе работам.

- На што се темели Вашата програма за следните четири години?

ЈАНЕВСКИ: Секое ново време бара нови чекори, нова визија. Современиот живот и секојдневието не носат напред и понекогаш ни го покажуваат патот кон иднината. Јас ќе го слушам гласот на граѓаните, ќе бидам отворен и транспарентен и ќе ги почитувам и успесите и критиките, за мене сите се подеднакво важни без разлика на партиска, верска и национална припадност. Тоа ќе биде темелот на моето работење преку кое мислам дека најдобро ќе ги решавам проблемите. Убеден сум дека имам програма во која ќе се препознаат сите граѓани – младите, повозрасните, бизнис заедницата, невладиниот сектор, спортистите и сите ранливи категории граѓани. Стратегијата за економски раст ќе биде мојот носечки приоритет, за кој мислам дека Струмица има потенцијал, ќе ги решаваме највиталните инфраструктурни проблеми, ќе обезбедуваме нови и добро платени работни места и ќе обезбедиме здрава и чиста животна средина.

- Според Вас, што и фали на Струмица?

ЈАНЕВСКИ: Она што најмногу и недостигаше на Струмица беше поддршката од централната власт. Сега гледаме историска шанса во реализирање на програмите на општина Струмица максимално да бидат инкорпорирани ефектите од отворањето на процесот на децентрализација, посебно фискалната децентрализација и разбирањето на премиерот на Република Македонија за потребите на локално ниво. Ние сега само треба да ја повториме, да ја продолжиме и да ја надминеме историјата во која се зборува за успешноста на општина Струмица и да градиме општина по мерка на граѓаните. Најпрогресивната општина заслужува големи и храбри проекти. Со новиот транзитен пат ќе се редуцира сообраќајниот метеж на трите влезови во градот. Ќе го решиме проблемот во месноста Софилари со усвојување на детален урбанистички план. Ќе го прошириме паркот – срцето на Струмица зад АТШ Берово. Ќе изградиме нов доводен цевковод за сирова вода од акумулацијата Водоча до Филтер станицата. Ќе продолжиме да го разубавуваме градот со нови булевари, улици и зелени површини. Ќе изградиме дом за стари лица, дневен центар за деца со посебни потреби, нови детски градинки, ќе ги модернизираме училиштата...

- Кои ќе бидат првите работи на кои ќе се посветите ако станете градоначалник?

ЈАНЕВСКИ: Како градоначалник на општина Струмица ќе ги завршам отпочнатите проекти кои се во тек како и носењето на буџетот за наредната  2018 година насочен кон имплементирање на капиталните проекти од мојата програма за кои слушнавте овие денови. Останувам на определбата за партиципативен буџет во кој пред се ќе бидат вклучени граѓаните и другите чинители во локалната заедница. Ќе ги прифаќам сите идеи и сугестии преку различните форми на креирањето на буџетот, фокусирајќи се на највиталните приоритети кои заедно ќе ги утврдуваме.

- Зошто струмичани да гласаат за Вас на претстојните Локални избори?

ЈАНЕВСКИ: Во изминатиот период како лекар ја работев мојата професија посветено и одговорно. Многу битки досега заедно сме ги добивале. Моето работно искуство како професионалец од лекарската фела, советник во Советот на општина Струмица во два мандата и пратеник во Собранието на Република Македонија, ми даваат за право слободно да кажам дека ги знам потребите на граѓаните, способен сум да се фатам во костец со сите нивни проблеми, како и на инфраструктурен така и на економски план. Водејќи се од принципот дека горд е човекот со чист образ, ветувам дека одговорно и транспарентно ќе ја вршам и функцијата градоначалник, а граѓанинот ќе биде услужен од страна на општинската администрација со нова енергија и нов импулс. Верувам во мојот град, во мојата програма, во овој вреден и работлив народ, верувам во програмата на новата Влада. Убеден сум дека таа верба ќе ни донесе ЖИВОТ ВО СТРУМИЦА ЗА СИТЕ!

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...