ИНТЕРВЈУ со Марјан Бајрактаров: На Струмица и е потребен градоначалник кој нема да владее, ами ќе управува со тој потенцијал

Петок, 13 Октомври 2017

Радио СтрумицаНет ви го претставува кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Марјан Бајрактаров.

Биографија: Кој е Марјан Бајрактаров?

БАЈРАКТАРОВ: Јас сум семеен човек, сопруг и татко на две деца. По професија орален хирург, со професионален багаж од 25 години. Истовремено, повеќе од две децении водам успешен бизнис во областа на угостителството. По природа сум амбициозен човек. Секогаш мислам дека можеме повеќе и подобро. Отворен сум кон луѓето и имам доверба во способноста и стручноста на другите. Верувам во тимскиот успех, каде што работата е поделена а резултатот заеднички.

- Успешен и почитуван во двете професии, а влеговте за функцијата прв човек на Струмица, зошто?

БАЈРАКТАРОВ: Повеќе од 25 години сум успешен во две сосема различни дејности. За успешен лекар човечкиот живот е приоритет. За успешен бизнисмен, се потребни менаџерски способности. За успешен градоначалник се потребни и двете. Сметам дека со моето досегашно искуство и авторитет кој го уживам, можам на моите сограѓани да им понудам поинаква визија, реални решенија и проекти за развој на општината.

- Кои се поважните сегменти на Вашата програма?

БАЈРАКТАРОВ: Локалниот економски развој е срцето на програмата околу кој гравитираат сите приоритетни политики преку кои планираме на граѓаните да им претставиме една сосема нова визија како треба оваа општина да се гради и развива. Мојата програма еднакво ги одразува потребите на сите возрасни категории, како и на ранливите и на маргинализираните групи, кои се значаен дел на нашата заедница. Во фокусот на програмата е да им овозможиме на младите луѓе услови да останат и да работат во својата општина. Како успешен менаџер секогаш сум ја почитувал способноста и различните квалитети на тимот со кој работам. Така треба да биде поставена и работата на општината, способните луѓе мора да бидат ставени на вистинските места. Струмица треба да биде и пријатно место за живеење. Потребна ни е чиста и инфраструктурно рамномерно поврзана општина, во која селата и градот еднакво ќе растат. Не може да се зборува дека Струмица е европска, а 12 години да не се решат основните проблеми како канализација, поплавени улици и на најмалиот дожд, асфалтирање на улиците, елементарно одржување на чистотата во градот. Такви проблеми не постојат во европски град. Ние сме насочени кон тоа сите овие проблеми кои припаѓаат на минатото, да ги решиме како приоритетни и да воспоставиме систем со кој секој проблем од овој тип континуирано ќе се решава. Новата визија која ја нудам е визија со која општината ќе истапи напред со проекти од енергетската ефикасност и одржлив економски развој и со конкретни проекти ќе биде пример за останатите во регионот. Крајна цел е подобрување на квалитетот на животот и економската благосостојба на сите граѓани.

- Според Вас, кои се предностите на Струмица?

БАЈРАКТАРОВ: Струмица со својата добра местоположба, со население со отворен и срдечен менталитет и стопанственички дух, отсекогаш била потенцијал и во поглед на природни ресурси и во поглед на човечки капитал. На Струмица и е потребен градоначалник кој нема да владее, ами ќе управува со тој потенцијал и ќе го насочи напред. Градоначалникот треба да им служи на интересите на сите граѓани.

- Ако станете градоначалник, кои ќе бидат првите проекти што може да ги очекуваме?

БАЈРАКТАРОВ: Чистотата би ја ставил на прво место. На сите влезови во градот ќе видете диви депонии кои оставаат лош впечаток. Да не зборувам и за дивите депонии кои се наоѓаат на патот кон познатите манастири во Водоча и Вељуса. Секојдневно туристи ги посетуваат тие места, а глетката навистина не е пријатна. Кантите за собирање смет на домаќинствата се стари и искршени. Отпадот е присутен на секој чекор во општината, вклучувајќи го и центарот на градот. Затоа мој приоритет ќе биде подобрувањето на комуналната хигиена во градот и населените места и расчистување на дивите депонии.

- Зошто на 15 октомври струмичани да гласаат за Вас?

БАЈРАКТАРОВ: За дванаесет години многу работи можеле да бидат направени, а сите сме сведоци дека не се. Не е направено ни 80% од она што го ветувале нашите опоненти. Народот очекува промени и подостоинствен живот. Народот не се залажува со асфалтирање на улици два дена пред избори. Од досегашното мое животно и работно искуство, и како татко на семејството, и како орален хирург, и како менаџер, секогаш сум постигнувал успех со добро планирање и организација на времето, ресурсите и човечкиот капитал. Јас како кандидат за градоначалник, заедно со кандидатите за советници имаме кредибилитет, авторитет и знаење успешно да управуваме со буџетот на општината во наредниот мандат. Граѓаните ќе се уверат дека поддршката што ќе ни ја дадат на 15-ти октомври ќе биде оправдана. На Струмица и се потребни промени, на Струмица и е потребна локална самоуправа која ќе работи за граѓаните во текот на целиот мандат, а не само во предизборната кампања.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...