Јаневски: Имам голема желба и најсериозна намера да го решам проблемот во Софилар

Сабота, 16 Декември 2017

„Ќе го забрзаме процесот на легализација на бесправно изградените објекти во месноста Софилар. Жителите конечно ќе ги уживаат бенефитите од урбанизацијата со патна, водоводна и канализациона инфраструктура и јавно осветлување“ - ова беше едно од ветувањата во предизборната кампања на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. Два месеца по ова ветување, тој започна со негова реализација.

Синоќа во големата сала на домот на АРМ во Струмица, градоначалникот Јаневски со своите соработници, одржа собир со граѓаните од населбата Софилар, односно, од блоковите 39 и 40. Целта на собирот беше да се нотираат проблемите со урбанизацијата на бесправно изградените објекти, односно, да се забрза тој процес за да може да се донесе деталниот урбанистички план и потоа да се изгради целокупната инфраструктура која ќе им обезбеди подобри услови за живот на жителите од овој дел на градот.

„Имам голема желба и најсериозна намера да го решам проблемот во Софилар и затоа го иницирав овој собир. Истата желба ја имате и вие. Затоа, апелирам да го завршите легализирањето на бесправно изградените објекти по итна постапка, во која ќе ја имате и нашата помош, за да можеме потоа ние, како Општина,  да си ја завршиме нашата работа“ им рече Јаневски на жителите од Софилар.

По дискусиите на присутните во кои акцентот беше ставен на брзо решавање на проблемот, се донесе заклучок до крајот на годината да се достават елаборатите за да може по брза постапка да се легализираат бесправно изградените објекти, а веднаш потоа и постапката за донесување на деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40.

Неможе да се пријавите самите

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без струја 12:30 до 15:30 часот

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без стру…

Јан 22, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (среда, 22 јануари), од 12:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат населените мес...

БИРОСЕФ Струмица вработува

БИРОСЕФ Струмица вработува

Јан 22, 2020 Веб Билборд

Компанијата „БИРОСЕФ“ од Струмица има потреба од бравари, електричари и општи работници. За аплицирање испратете CV на info@birosafe.com. Подетални ин...

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбалери од својата школа

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбал…

Јан 21, 2020 Вести

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица информира дека продолжува со потпишување на професионални договори со млади фудбалери кои произлегуваа...

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, по…

Јан 21, 2020 Вести

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спров...

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Јан 21, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 15 часот во Полициската станица во Струмица, Б.Б. (29) од Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во Боси...

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово -13

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово…

Јан 21, 2020 Вести

Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија кад...

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...