Жените на СДСМ од Струмица донираа топла облека

Понеделник, 05 Јануари 2015

По повод Новогодишните и Божиќните празници, Форумот на жени на Општинската организација на СДСМ во Струмица, денеска ја реализираше традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“. Учесничките во акцијата донираа топла облека, обувки и прекривки во просториите на Општинската организација 

По повод Новогодишните и Божиќните празници, Форумот на жени на Општинската организација на СДСМ во Струмица, денеска ја реализираше традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“. Учесничките во акцијата донираа топла облека, обувки и прекривки во просториите на Општинската организација на Црвениот крст во Струмица од каде ќе бидат дистрибуирани до граѓаните на кои таквата помош им е најпотребна.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку Форумот на жени и во сите форми на дејствување, бил, е и секогаш ќе биде со граѓаните тогаш кога им е најпотребно. Оваа акција „Дарувај од срце“ можеби на изглед е мала, но во ситуацијата во која денес се наоѓаат граѓаните, а кога на некое семејство кое има потреба од ваква помош Црвениот крст ќе му ја даде, значи многу.

Од името на Форумот на жени упатуваме благодарност до Црвениот крст, бидејќи секогаш излегува во пресрет на нашите потреби и активности од хуманитарен карактер. Во оваа прилика сакам на граѓаните од името на Форумот да им ги честитам претстојните празници и да искажам голема благодарност до сите семејства кои донираа топла облека“ - рече Марија Гарванлиева, координатор на Форумот на жени на OO СДСМ Струмица.

За донираната помош, од името на Црвениот крст се заблагодари Љупчо Јанков и рече дека оваа помош во следниот период ќе ја додели на семејствата на кои навистина им е потребна.

Оваа хуманитарна акција се одржува четврта година по ред.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...