Испечатете ја страната

Владиката Наум: Обичајот „бадниково гранче“ е насилна српска окупација на црквата

Недела, 04 Јануари 2015

Обичајот на бадниковото гранче е препознатлив обичај на Србите и на Српската Православна Црква

 

Обичајот на бадниковото гранче е препознатлив обичај на Србите и на Српската Православна Црква и на ниту една друга православна Црква и народ. Овој обичај е насилно воведен во нашите цркви, после утврдената српска окупација на Вардарскиот дел од Македонија, по завршувањето на Првата светска војна - пишува Владиката Наум, а го пренесува порталот Фаланга.

 

Јасно и разбирливо е зошто овој обичај се задржал или се обновил во Скопје и на некои други места, односно во делот на Македонија каде што според последниот попис живеат околу 40.000 Срби, но не е јасно зошто истото се случува и во некои други делови од Македонија и зошто еден туѓ обичај прифаќаат Македонците?

 

Дали е во прашање медиумската соблазна на народот или незнаење или среброљубие или сензација или пак некоја друга причина, Господ знае?

 

Знаеме само дека ова е прашање на идентитет и знаеме дека со медиумското форсирање на ваквите обичаи се дефокусира јавноста од она што е битно, а тоа е исполнувањето на Божјите заповеди, исповедта на своите гревови и причестувањето со телото и крвта Христови. Очигледно, многу е полесно да се собираат гранки по шумата, отколку да се чекори по тесниот евангелски пат. Затоа по црквите на нашата Струмичка Епархија не се делат бадникови гранчиња - вели г. Наум.

 

Бадниковите огнови , пак, се во потполна несогласност со Црковното Предание. Палењето оган, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со Божиќниот пост. Свештенството не дозволува овие појави да се случуваат во црковните дворови.

 

Истото важи и за бадниковата семејна вечера, ако луѓето се откажат од Светата Причест заради јадењето зејтин и риба.

 

Ставањето на паричка во лебот или питата за Бадник е исто така српски црковен обичај. Македонски црковен обичај е паричката да се става во лебот или питата или во колачот на 14 јануари - денот на Свети Василиј Велики, попознат во народот уште и како Стара Нова Година, т.е. Црковна Нова Година.

 

Кој сака да знае повеќе за ова нека прочита во житието на Свети Василиј Велики - вели митрополитот Наум.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...