Петгодишната Николинка во борба со леукемија – неопходна е помош!

Среда, 07 Јануари 2015

За семејството Митеви од струмичко Пиперево, сета божиќна радост е преточена во молитва

За семејството Митеви од струмичко Пиперево, сета божиќна радост е преточена во молитва, во исконска желба да се излекува нивната петгодишна Николинка.

Девојчето се бори со леукемија, а за лекувањето во Германија се потребни 120 илјади евра. Нивната голгота трае половина година, а почнала навидум наивно. Од жалење на девојчето на болки во зглобовите и коските, објави Канал5.

Повеќе од четири месеци Николинка ги поминала во константно посетување на детската клиника во Скопје, каде била утврдена реума, а таква била дијагнозата и во соседна Бугарија.

Подмолната болест е откриена дури во Германија, откако родителите на сопствена иницијатива ја однеле бидејќи се влошувала состојбата на девојчето.

Николинка веќе ја прима хемотерапијата во Германија и во рок од девет месеци треба да се уплатат на сметка во банката 120 илјади евра.

Доколку се утврди дека е потребна трансплантација на коскена срж, ќе бидат потребни дополнителни 80 илјади евра.

Семејството Митеви не се во можност да ја обезбедат оваа сума. Божиќната молба и порака на Митеви е да се обединат хуманите луѓе, да донираат за да се спаси најмалата, трета сестричка во ова струмичко семејство.

извор: www.kanal5.mk

 

Донации на жиро сметка:

250008000336332- Инвест Банка

на име на Зоки Митев

 

Донациски број на ВИП

 077 143 402

 

И девизна сметка:

IBAN : DE 42400700800013884200

Swift: DEUTDE3B400

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за неповторлива цена

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за не…

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во петок и сабота (26 и 27 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 4...

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локал…

Ное 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година во 07:00 часот наут...

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во четврток, петок и сабота во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, кој се наоѓа кај Рекеџиски мост, ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секо...

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Ное 25, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување д...

Денеска се навршуваат три години од смртта на доајенот на македонскиот театар, струмичанецот Мите Грозданов

Денеска се навршуваат три години од смртта на доајенот на ма…

Ное 25, 2021 Вести

Денеска се навршуваат три години од смртта на големиот македонски драмски, телевизиски и филмски актер, струмичаненецот Мите Грозданов, кој почина на ...

Утре 6 часа прекин на електричната енергија во Ангелци

Утре 6 часа прекин на електричната енергија во Ангелци

Ное 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 25 ноември) од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисн...