Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, на денот на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики - Православна Нова Година, во Соборниот Храм „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, ќе бидат изложени за поклонение дел од светите мошти на Свети Василиј Велики и Свети Теофан Начертани.
Според информациите од Струмичката Епархија, во вторник (13-ти јануари) од 16:00 часот ќе се одржи вечерна Богослужба. (Поклонение од 16:00 до 19:00 часот.
Во среда (14-ти јануари), од 07:00 часот ќе се одржи утринска Богослужба, а од 08:00 часот Света Божествена Литургија. (Поклонение од 07:00 до 17:00 часот).
Во четврток (15-ти јануари), на денот на Свети Серафим Саровски, во истоимениот Соборен Храм, ќе се изврши помазание со свето масло од моштите на светителот од неговиот манастир во Русија. Истиот ден, од 07:00 ќе се одржи утринска Богослужба, а од 08:00 часот Света Божествена Литургија. (Помазание од 07:00 до 10:30 часот).
„Свети Отци наши Василие Велики, Теофан Начертани и Серафиме Саровски молете го Бога за нас! По нивните свети молитви Господи Исусе Христе Боже наш, помилуј не“ - се вели во пораката од Струмичката Епархија на Македонската Православна Црква.