На Хуманитарниот Новогодишно-Божиќен концерт, одржан на 4-ти јануари, кој секоја година го организира Младинскиот Совет на општина Струмица во соработка со хористите на СОУ „Јане Сандански“, се собра 78.000 денари од влезниците и доброволните парични средства во кутијата за донации - информираше Благој Терзиев од Младинскиот Совет.
Овие средства веќе се уплатени на сметките на младите струмичанки Николина Митева, Мартина Стојковска и Марија Гошева, на кои им се неопходни за нивно лекување, всушност за кои и беше наменето годинашното издание на овој традиционален концерт, насловен „Мрак или светлина“.
Благој Терзиев од името на Младинскиот Совет и СОУ „Јане Сандански“, упати благодарност до сите кои беа на концертот и со својата купена влезница дадоа свој прилог кон хуманоста, за да им се помогне на Николина, Мартина и Марија.