Струмичкиот карневал на 21 февруари!

Вторник, 13 Јануари 2015

Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2015-та ќе се одржи на 21-ви февруари (сабота)

Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2015-та ќе се одржи на 21-ви февруари (сабота).

 

Според информациите од општина Струмица, годинашното издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 18-ти до 25-ти февруари, а започнува со Детскиот маскенбал на 18-ти февруари.

 

На 19-ти февруари ќе бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал, изложба на фотографии од карневалот 2014 и традиционалниот концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“.

 

Свеченото отворање ќе се одржи на 20-ти февруари со традиционалниот маскенбал на кој ќе бидат избрани принцот и принцезата на карневалот, а на 21-ви е главната интернационална карневалска вечер.

 

Карневалските празнувања продолжуваат со детскиот карневал на Прочка, на 22-ри февруари, на 23-ти е чист понеделник, кога традиционално се вари бел грав, а истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал.

 

Традиционалното карневалско корзо и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 24-ти февруари и карневалските празнувања завршуваат на 25-ти февруари со одбележувањето на тримерските обичаи.

 

 

Според Александар Цицимов, претседател на организациониот одбор, и годинава има голем интерес на странските групи за учество на Струмичкиот карневал. Иако пријавувањето се уште трае, своето учество го потврдија групи од Турција, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија, а се вршат и резервации во хотелските капацитети.

 

Струмичкиот карневал има вековна традиција, а годинава одбележува 25 години од обновената организирана форма на неговото одржување.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во сообраќајка на магистралниот пат Струмица - Граничен премин „Ново Село“ повредени четири лица

Во сообраќајка на магистралниот пат Струмица - Граничен прем…

Дек 04, 2020 Вести

Денеска околу 14:00 часот на магистралниот пат Струмица - Граничен премин „Ново Село“, во близина на раскрсницата кон селото Сачево, се случила сообра...

Повторно гореше Домот на културата во Куклиш

Повторно гореше Домот на културата во Куклиш

Дек 03, 2020 Вести

Руинираниот Дом на културата во селото Куклиш, кај Струмица, кој изгоре во мај 2013-та година, денеска повторно гореше. Околу 13:00 часот се запали от...

Кривична пријава против двајца полицајци, тепале осуденик во затворот во Струмица

Кривична пријава против двајца полицајци, тепале осуденик во…

Дек 02, 2020 Вести

СВР Струмица поднесе кривична пријава против полициските службеници П.П. (31) од Василево и А.М. (25) од Струмица поради кривично дело малтретирање во...

Во Скопје уапсен е струмичанец, кај него е пронајдена марихуана

Во Скопје уапсен е струмичанец, кај него е пронајдена мариху…

Дек 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Центар, Скопје, го лишиле од слобода В.В. (36) од Струмица, затоа ш...

Владата ќе бара од Собранието кризната состојба да продолжи до летото, до 30 јуни 2021 година

Владата ќе бара од Собранието кризната состојба да продолжи …

Дек 01, 2020 Вести

На денешната редовна 25-та седница Владата го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи...

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 30 нови случаи, 65 оздравени пациенти

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 30 нови случаи, 65 оздр…

Дек 01, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 3012 тестирања, регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19 од кои 30 евидентирани преку Центарот за јавно здрав...

Утре прекин на електричната енергија на дел од булеварот „Гоце Делчев“, излезот од Струмица кон Дабиље

Утре прекин на електричната енергија на дел од булеварот „Го…

Дек 01, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ вработува двајца монтери

Фабриката за мебел „11-ти Септември“ вработува двајца монтер…

Дек 01, 2020 Веб Билборд

Фабриката за производство на мебел „11-ти Септември“ од Струмица има потреба од двајца монтери. Подетални информации на: 075/40 78 77 или директно во ...