Струмица е привелигована што ги има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, вели за ТВ канал ВИС, отец Димитар Крцев од Струмичката Православна Епархија.
Тој упати покана до сите верници, на поклонение денеска и утре пред светите мошти на Свети Василиј Велики, во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.
Денеска (вторник 13-ти јануари) од 16:00 часот ќе се одржи вечерна Богослужба. (Поклонение од 16:00 до 19:00 часот), а веднаш потоа ќе бидат изложени моштите на Свети Василиј.
Во среда (14-ти јануари), од 07:00 часот ќе се одржи утринска Богослужба, а од 08:00 часот Света Божествена Литургија. (Поклонение од 07:00 до 17:00 часот).
Во четврток (15-ти јануари), на денот на Свети Серафим Саровски, во истоимениот Соборен Храм, ќе се изврши помазание со свето масло од моштите на светителот од неговиот манастир во Русија. Истиот ден, од 07:00 ќе се одржи утринска Богослужба, а од 08:00 часот Света Божествена Литургија. (Помазание од 07:00 до 10:30 часот).