Испечатете ја страната

Општина Струмица дел од проектот „Зајакнување на локалните донесувачи на одлуки во југоисточна Европа“

Вторник, 13 Јануари 2015

Општина Струмица дел од проектот „Зајакнување на локалните донесувачи на одлуки во југоисточна Европа“

Општина Струмица е вклучена во реализацијата на проектот „Зајакнување на локалните донесувачи на одлуки во југоисточна Европа“, што го спроведуваат ЗЕЛС, мрежата на асоцијации на локални власти на југоисточна Европа (НАЛАС) и германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ).


Целта на проектот е да се подобри капацитетот за менаџмент, лидерство и соработка на општините и општинските јавни претпријатија за вода и отпадни води, со посебен акцент на подобрување на општинските услуги и соодветните капацитети за искористување на средствата од меѓународните фондови.


Во рамките на планираните активности, денеска, се одржа средба со претставници на општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ со Санди Зулиќ регионален експерт од Босна и Херцеговина.


Овој проект се спроведува во четири пилот држави, Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Од Македонија вклучени се 15 општини. Истиот треба да поттикне размена и да сподели модерни стандарди и норми за менаџмент помеѓу општините и јавните претпријатија за вода и отпадни води во партнерските земји преку соодветните асоцијации и мрежи, а ќе биде спроведена студија за проценка на потребите од обука и сите понатамошни активности ќе бидат базирани на резултатите од оваа студија.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Млад брачен пар има потреба од жена за чување деца

Јан 17, 2021 Веб Билборд

Млад брачен пар од Струмица има потреба од жена за чување деца. Предност имаат кандидатки со завршено Педагошки факултет. Плата солидна. Подетални инф...

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за регистрација на бракови од март ќе биде Уметничка галерија

Некогашната скривница, која се користеше и како простор за р…

Јан 13, 2021 Вести

Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот п...

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег

УХМР: Особено студено време - ќе има локални врнежи кои речи…

Јан 12, 2021 Вести

До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Жител на Борисово извршил обљуба врз 46-годишна струмичанка

Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Струмица

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан во градот Стр…

Јан 10, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Глобал“

Вечерва „онлајн“ концерт на солидарност кон оштетените во „Г…

Јан 10, 2021 Магазин

Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Струмица – Радо…

Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...

Сопственици на тезги од „Глобал“ повикуваат пожарот да не се користи за политички препукувања

Сопственици на тезги од „Глобал“ повикуваат пожарот да не се…

Јан 09, 2021 Вести

„Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во „Глобал“ да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помага...