Основната организација на Црвениот Крст при општина Струмица во соработка со Црвениот Крст на Струмица и Службата за трансфузиона медицина, на 15 јануари (четврток), ја организира 16-та по ред крводарителска акција.
Оваа крводарителска акција е традиционална и се реализира по повод Новогодишно-Божиќните празници. Во акцијата ќе учествуваат вработените во општината и Територијалната професионална противпожарна единица и членови на Советот, а се покануваат и сите граѓани на општината и пошироко да дадат свој придонес во спасувањето на нечиј живот.
Акцијата ќе се одржи во просториите на Слижбата за трансфузиона медицина, од 08:00 до 14:00 часот.