Градскиот плоштад полн до последно место уште на првиот ден од СОФ 2018

Сабота, 18 Август 2018

Струмица седма година по ред го организира фестивалот на отворено - Струмица Опен Фестивал кој привлекува луѓе од цела држава и од странство. И оваа година Градот под Царевите Кули три дена ќе ужива во звуците на домашни, регионални и странски артисти, а првата вечер веќе го кажа своето.

Синоќа градскиот плоштад „Гоце Делчев“ каде што е големата сцена за овогодинашниот струмички отворен фестивал веќе беше пополнет до последно место. Како што можеше да се забележи за време на концертот на Владо Јаневски, целиот плоштад од бината до другиот крај беше пополнет со луѓе кои уживаа „слушајќи го срцето“.

Тридневниот Опен Фест вчера беше отворен од Тамара Тодевска која освен што ја освои публиката со „Тажна љубов, среќна песна“ и други изведби, на сцената ја доведе и својата 2-годишна ќерка Хана која пееше заедно со неа. „Некогаш и некаде“, „Чаирска романтика“, „Евергрин“ беа дел од песните со кои настапи чаирскиот романтичар, легендарниот Владо Јаневски кој како и секогаш ја расположи и распеа публиката.

По Тамара и Владо публиката пееше и со хрватската ѕвезда Тони Цетински кој изведе нови песни, но и неговите најпопуларни хитови и приреди незаборавна прва вечер, но заедно со него во еден момент, како изненадување на публиката настапи и младиот талентиран струмичанец Трајче Ѓоргиев и музичкиот уметник и професор од Радовиш, Петре Јованов.

После полноќ публиката „ја стресе земјата“ со белградското диџеј дуо Диволи и Маркворд кои исто така нивната најнова изведба вчера ја промовираа во Струмица, а по српското диџеј дуо, на својот домашен фестивал настапија и „нашата, а светска“, струмичката електронска дискографска куќа Пата Пата кои во доцните часови ја разиграа публиката и ја затворија незаборавната прва вечер на отворениот струмички фестивал.

Вечерва СОФ ќе го отворат Виктори Бенд и Либеро Бенд, а по нив на сцената на градскиот плоштад ќе застане српската поп пејачка Марија Шерифовиќ, па веднаш по неа Струмица ќе се забавува и со хитовите на една од најголемите и најпознати југословенски пејачки на сите времиња, Лепа Брена. Вториот ден од фестивалот ќе го затвори светскиот диџеј Афишал кој ја води оваа професија на сосема ново ниво. /К.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за неповторлива цена

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за не…

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во петок и сабота (26 и 27 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 4...

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локал…

Ное 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година во 07:00 часот наут...

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во четврток, петок и сабота во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, кој се наоѓа кај Рекеџиски мост, ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секо...

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Ное 25, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување д...

Денеска се навршуваат три години од смртта на доајенот на македонскиот театар, струмичанецот Мите Грозданов

Денеска се навршуваат три години од смртта на доајенот на ма…

Ное 25, 2021 Вести

Денеска се навршуваат три години од смртта на големиот македонски драмски, телевизиски и филмски актер, струмичаненецот Мите Грозданов, кој почина на ...

Утре 6 часа прекин на електричната енергија во Ангелци

Утре 6 часа прекин на електричната енергија во Ангелци

Ное 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 25 ноември) од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисн...