По завршувањето на седмото издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2018“, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, покровител на манифестацијата, денеска преку видео обраќање упати јавна благодарност до организаторите, Здружението „Културен забавен живот“, за професионалноста на институциите кои беа задолжени за безбедноста и чистотата, а најмногу на граѓаните кои беа дел од оваа манифестација.
„Помина уште едно, седмо по ред издание на најмасовната манифестација во нашиот град и општина, но и во цела Македонија, „Струмица ОПЕН фестивал“. Радува тоа што реакциите на граѓаните од нашата и другите општини од нашава земја, но и од странство, како преку непосредните контакти, така и преку социјалните мрежи, се повеќе од позитивни. Од тие реакции, но и од согледувањето на фактичката состојба, може слободно да се заклучи дека годинава го имавме едно од најмасовните и најквалитетните изданија на „Струмица ОПЕН фестивал“ - вели во обраќањето Јаневски.
Тој истакнува дека е направен значаен исчекор и во квалитет и во квантитет, со што истиот бележи евидентна нагорна линија, а сите фестивалски денови поминале без никакви проблеми или нарушување на јавниот ред и мир.
„Поради сето тоа, сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам, како на организаторите од Здружението „Културен забавен живот“, така и на сите институции кои беа задолжени за безбедноста и чистотата, за нивната професионалност и сериозност, а најмногу на граѓаните кои беа дел од седмиот „Струмица ОПЕН фестивал“.
На крајот од своето обраќање градоначалникот Јаневски вели дека интенција на фестивалот е секое наредно издание да биде подобро од претходното, тој како градоначалник и Општина Струмица, ќе вложат максимални напори во севкупната негова поддршка, а за уште поголемо збогатување на содржините кои го разубавуваат животот на граѓаните.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...