300-те матуранти од Струмичката гимназија свечено ги добија дипломите

Четврток, 23 Август 2018

Синоќа во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржа свеченост по повод доделувањето дипломи на околу 300 матуранти од генерацијата 2014/2018 на СОУ „Јане Сандански“.

Поздравувајќи ги дипломците нивните родители, професорите и пријателите, директорката Невенка Стојанова им се заблагодари на учениците, посебно на оние кои учествуваа на голем број државни и меѓународни натпревари, промовирајќи го училиштето „Јане Сандански“.

Достигнете го врвот на својот интелектуален капацитет и како што рекол големиот Махатма Ганди, „бидете промената која сакате да ја видете во светот“. Не се сомневам дека ќе продолжете да нè радувате со вашите успешни приказни и дека по некоја година за многумина од вас со гордост ќе речеме „Да, тој беше наш ученик“ – рече во своето обраќање кон матурантите, директорката Невенка Стојанова.

Таа ги прогласи Сара Карачанакова - гимназиско образование и Сара Василева - економско образование, за најдобри ученици на генерацијата, а им беа доделени признанија и награди.

Свеченоста беше заокружена со фрлање на капите на матурантите пред платото на Центарот за култура во Струмица.

СОУ „Јане Сандански“ по деветти пат организира свечено доделување на дипломите, со кое сака да остави белег, сеќавање на средношколскиот живот на своите ученици, бидејќи оваа вечер се прославува нивната зрелост, нивниот чекор за напред во иднината.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест нови случаи со ковид-19

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест н…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од 737 тестирање, 247 нови случаи на ковид-19 во Македонија, од кои 6 тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица. 16 пациенти од Струмица с...

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни набавки

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичанецот Борче Хаџиев, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фонд за осигурување на депозити, е разрешен од ова функција и е именуван з...

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие починале 22 пациенти од ковид-19

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие…

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1901 тестирања, регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19, од кои 32 и во Струмица. Најмногу во Скопје 271 лице...

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Пораз од 3:1 на струмичкиот прволигаш „Академија Пандев“ во првенствениот натпревар на гостински терен од екипата на „Македонија Ѓорче Петров“. Стреле...

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 л…

Окт 24, 2020 Вести

„Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород...

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден починат и 10 оздравени пациенти

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден …

Окт 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешното соопштение од Министерството за здравство, во последните 24 часа од направените 2367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ко...