Ќе се гради базен во училиштето „Никола Вапцаров“, а спортска сала во „Сандо Масев“

Четврток, 23 Август 2018

Советот на општина Струмица на денешната 13-та седница донесе одлуки за изградба на спортски сали во основните училишта „Сандо Масев“ во Струмица и „Маршал Тито“ во Муртино и базен во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.
Безбедносната состојба во општина Струмица е релативно добра, но потребно е итно да се зголеми бројот на полицајците во Полициската станица од општа надлежност, бидејќи од потребните 140 сега работат 66 полицајци, оценија членовите на Советот на општина Струмица,
„Командирот на полициската станица, Трајко Чурлинов даде извештај за состојбата со јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица за првите шест месеци со напомена на комисијата и на советниците дека имаме недоволен број на полициски службеници и во наредниот период бројката на овие службеници треба да порасне, бидејќи на барање на граѓаните и на Советот на општина Струмица требаше пак да се воведат маалските позорникари и со тоа сметаме дека безбедноста на граѓаните на општина Струмица ќе биде поголема и еве еден апел до министерот за внатрешни работи да дадат повеќе согласности за да може оваа бројка да биде на ниво кое ќе ги задоволува потребите за безбедност на граѓаните на општина Струмица“ - изјави по седницата, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.
Советот го усвои и кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица, како и извештајот од процена на штета од природна непогода од град, дожд и ветар од 7 јули оваа година. Комисијата проценила дека невремето причинило штета од над 34 милиони денари на површина од над 102 хектари.
На денешната седница се изгласа одлука за вклучување на општина Струмица во основање на бизнис иновациски центар кој ќе им користи на сите струмичките приватни компании.
Донесена е и одлука за доставување апликација за изградба на фекална канализација во населеното место Вељуса, а ќе се реализира проект за доуредување и реконструкција на пристапна пешачка патека до Габровските водопади и улица со шеталиште во населеното место Градско Балдовци.
На дневен ред беа и извештаите за работата на јавните претпријатија „Паркиралишта Струмица“ и „Струмица Гас“ за првите шест месеци.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за неповторлива цена

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за не…

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во петок и сабота (26 и 27 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 4...

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локал…

Ное 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година во 07:00 часот наут...

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во четврток, петок и сабота во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, кој се наоѓа кај Рекеџиски мост, ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секо...

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Ное 25, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување д...