СВР Струмица: Родители, обрнете внимание на вашите деца кои возат мотори

Петок, 24 Август 2018

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа, како и редовно во изминатиот период беа во акциска контрола наменета за возачите на мотоцикли на кои беа повикани и медиуми. Со контроли на раскрсницата помеѓу „Ленинова“ и „24-ти октомври“ како и кај Пензионерскиот дом и други локации, полициските службеници запираа управувачи на мотоцикли кои не носеа заштитна опрема или не се придржуваа кон други закони и норми.

Додека бевме на самото место со полициските службеници на булеварот „Ленинова“ во Струмица, затекнавме млади момчиња на возраст од 13, 14, 15 години кои управуваа мотоцикли без возачка дозвола или заштитна опрема. Само оваа недела дете на 13-годишна возраст управувајќи со мотоцикл без кацига на главата изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски ѕид, нанесувајќи си тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите префрлен е во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Овој месец државата ја стресе и веста за двете момчиња на 14 и 15-годишна возраст од струмичко, кои возејќи се со мотоцикл во директен судир со автомобил починаа на влезот во селото Петралинци.

„Во оваа прилика повторно апелираме до родителите да не дозволуваат децата да управуваат со таа категорија возила пред да се стекнат со право на управување на истите, а доколку се имаат стекнато да не дозволуваат да ги управуваат возилата без да имаат заштитна кацига на главата затоа што тоа е најнезаштитен вид на возило и секој пад од тоа возило предизвикува последици кои може да бидат и тешки“, потенцираше Тони Божиков, самостоен инспектор за превенција во сообраќај при СВР Струмица. /К.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за неповторлива цена

Вашиот омилен производ од „РАЗНОПРОМЕТ АС“ овој викенд за не…

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во петок и сабота (26 и 27 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 4...

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локал…

Ное 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во периодот од петок, 26.11.2021 година во 07:00 часот наут...

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секое парче мебел во „СВИБ-МЕБЕЛ“

Ное 25, 2021 Маркетинг

Во четврток, петок и сабота во Продажно-изложбениот салон на „СВИБ-МЕБЕЛ“ во Струмица, кој се наоѓа кај Рекеџиски мост, ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на секо...

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Од утре ќе се исплаќаат пензиите за месец Ноември

Ное 25, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување д...